|
Saturn -> RE: Како успеавте да го ишишате вашето дете? (7.4.2010 14:18:40)
|
Ох, темава е супер. Предупредување: НИКОГАШ ДА НЕ ОСТАВАТЕ САМИ НОЖИЧКИ И ДЕТЕ ВО ИСТА СОБА, НИ ЗА СЕКУНДА. Јас така се зезнав еднаш, отидов до соба да земам голем пешкир и кога се вратив ја гледам ќерка ми како си штрака по коса (2 год и 7 месеци) леле, ми се стемни, среќа не се поткачила по кожата, ама кога видов неколку прамени како што си штракнала до теме и беа ишишани. И ја фаќам косата и само долги влакна прамени вадам. Бев отсутна од собата 5 секунди, буквално, станот ич не ни е голем. Уште не ми е јасно кога ги зеде ножиците и кога успеа да се поткачи. Некако успеав убаво да ја ишишам и да и ги скријам дупките. Ама ми се плачеше додека ја шишав, си мислев што ли можела да направи. Најчесто ја шишам во када додека се бања, еднашка пред компјутер на столче ја шишав, а последниот пат на мало столче перд телевизор и и пуштив цртани да гледа, за да биде мирна.И нормално на пола шишање и се здосади и почна да ме бутка, едвај ја дошишав. А сум ја шишала и на рати, денес поголемиот дел и во наредните денови уште некои финеси, или еден ден само шишки, а друг ден останатиот дел.
|
|
|
|