misticia -> RE: Помош за Јован и поддршка за неговите родители! (1.12.2010 13:12:33)
|
Пред подолго време една моја драга личност што си ја ценев и почитував претпостави што мислам и како размислувам и врз основа на тие нејзини претпоставки жолчно се испокара со мене - беа далеку од вистината Од тогаш се плашам да им влегувам на луѓето во глава и да претпоставувам што мислат. Не сакам да претпоставувам што некој мисли и чувствува, сепак оваа тема ме натера да не спијам и да мислам што е во главата на луѓето? па така претпоставив за тебе (ти што читаш) што си мислиш Си мислиш тешко луѓево недај Боже некој да се разболи не можеш за основни работи да оставиш фонд... потоа мислиш ова не е моја работа - државата не треба да остави деца да молат за здравје, доволно ги мачи болеста уште и за пари да му ја мислат :( .... е после малку си плачеш. Чувствуваш некоја немоќ некоја беспомошност, гледаш слушаш читаш а не си во состојба да помогнеш. Кажи какво бедно чувство е тоа. Се си во право. Ако можеш донираш, и со тешко срце кликаш подалеку од оваа страница. Го бараш дневникот на Анушка да те расположи малку, бараш кај се родило бебе да честиташ и да мислиш на убави нешта.... Ти ме читаш сега и се мислиш не сме ние како Германци, Словенци, Англичани. Не можеме ние тоа. Кај ќе организираш било што кај нас? Тука не си во право. Македонците страдаат од некој општ комплекс на пониска вредност. Си мислиме не можеме, не знаеме, не бе немаме ние институции, немаме сила немаме пари = се ни фали. Да видиш само колку брзо се организираме за криминал, па какви развиени умови имаме, па на тоа поле и меѓуетничките односи цветаат дури и на зима. Затоа размисли и кажи - можам да правам што сакам- и германиките имаат деца па кажи - знам јас како да помогнам без разлика што не е моја работа - и ние имаме образование и кажи - имам време да се вмешам во било што - во цел свет жените одат на работа и имаат кујни и пак имаат време и кажи и запамти - чест и гордост е да си Македонец а уште повеќе да си Македонка ние можеме многу - само сме изгубиле самодоверба
|
|
|
|