|
Felly RR -> RE: Како го заспивате вашето бебе-дете? (26.12.2010 9:45:12)
|
И моето кога беше помало, некаде 5-6 месеци, со мене заспиваше со нишкање, а со татко е в креветче, и малку во креветче тој ја нишкаше. Јас бидејќи одев на работа, тој секој ден ја заспиваше, и си реков-кога со него може така да си заспие, па зошто мене да ме боли половината од нишкање. И почнав да ја легнувам в креветче, а јас легнував до неа, на спалната. Прво ќе почнеше да се врти, да игра, да тропа по креветот, а јас демек спијам, и ќе си заспише и таа. Е сега се случуваше да почне да плачи, и тогаш ја кревав, и ја занишкував малку. И за брзо време се научи сама да заспива, и сега само ја легнувам в креветче, ако е ептен уморена одма заспива, ако не си поигрува, се повртува па заспива.
|
|
|
|