blue_blue -> RE: Какво беше чувството кога дознавте дека сте бремени (21.9.2010 16:58:17)
|
На 1ви јануари ми се јави сестра Лиле од Ремедика да дојдам следниот ден (2 јануари) во болница да правиме тест. Не сакав да одам зошто веќе имав доволно трауми од седење во чекални и сестра со тажен израз на лице - демек сочувствуваа со мене дека тестот е негативен, а и од дома правење тестови кои беа негативни ми беше смачено. Плус имав неколку дена пред тоа некој чуден кафеав исцедок и бев сигурна дека пак ништо нема да испадне...Ама за беља дома немав тест, а и снег падна на 1ви јануари, па си реков - ќе одам....Ужасно се осеќав, едвај стигнавме до болница по снегот сабајле...ми земаа крв и ми рекоа да одам горе на оддел да го чекам резултатот. седев во чекална и чекав да дојде сестра Лиле со резултатот и да ми каже дека баш и е жал, ама тоа е, ќе се обидеме пак....Мислам дека тие 15 минути ми се претворија во вечност...И ете ја неа иде по скали и се смее ли се смее, и ми мафта со тестот и ми покажува подигнат палец, абе не ми се веруваше...се гледаме со мм, доаѓа Д-р Петановски, вика - ај честито дечки...Јас се парализирав, мислев ме лажат...стоевме со мм како изгубени, ама толкава среќа одамна немав видено...Сакав да почнам да скокам во ходник, да врескам од радост. Отидов на работа и бев како во бунило, на никој не кажавме тој ден, сакавме сами да уживаме во радоста. И така на 2 јануари добив два најубави новогодишни подароци, позитивен тест кој резултираше со моите две близначки и мојата прва книга се појави од печатница тој ден, мм ми ги донесе попладнето првите примероци свежо излезени од печатница....не знам поубав почеток на 2008 не можев да имам
|
|
|
|