Fiao -> RE: Какво беше чувството кога дознавте дека сте бремени (7.1.2013 0:54:04)
|
Ние откако година и пол се обидувавме за дете, јас останав бремена. Тоа беше периодот кога се решивме да ја реновираме куќата и искрено речено, јас толку бев посветена на куќата што проблемот со забременувањето, ненамерно дојде на секундарно место. Баш тогаш се случи (обично и така бива [sm=smiley1.gif]). По 2 недели се решив да напраам тест (си имав дома тестови, бидејќи си правевеме дете па си се проверував од време на време). За прв пат тестот беше позтивен. Го прифатив тоа многу лежерно со голема недоверба, па како оправдание си реков овој тестов сигурно бил изложен многу на сонце (бидејќи плакарчето кај што ми стоеја беше карши прозорот), па отидов и си купив нов од аптека. Е откако и тој беше позитивен тогаш почна да ме фаќа трема и сериозна паника. Мм сирот дозна на најнеугледниот начин, но сепак беше пресреќен. Во целата таа возбуда наместо да му се јавам, јас седнав на четот на gmail и му реков ајде тата треба да частиш [sm=smiley36.gif]. Се разбира не сфати, ни првиот, ни вториот пат, уствари он воопшто не ни помислил на тоа па ми вика: Што?! Положи испит? [sm=jezicek.gif] Кога малку повеќе му подобјаснив ми се јави по телефон буквално д'ткајќи од возбуда [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|