|
AnnaMolly RR -> RE: Повраќање кај децата (10.8.2012 14:29:40)
|
Вчера околу 20 часот кога рече повраќа ли повраќа. Јас не сум видела дете од 2 години толку количински да повраќа. Во рок од саат и пол поврати 7 пати. Вчера дојдовме од Охрид, беше расположен, супер си играше, трчаше... Одеднаш ми доаѓа и ми вика „ме боли тука“ и покажува на градите. По две секунди поврати трипати ептен обилно, цела палента ја исповрати. Реков ај од палентата тешко му дошло, ептен се налапа. По 15 минути пак поврати. По 15 минути пак, ама само вода, буквално бистра течност. Му дадов вода да пие, по 15 минути и неа ја поврати. Му дадов Реглан сируп, пет минути подоцна го поврати. Качи и температура 39. Му дадов Ефералган, по 10 минути поврати. Му давав електролити, едно саат време на 5 минути по една лажичка и чајче од нане. По 6 саати пак качи температура, ама му ставив чепче за да не го поврати пак сирупот. Цела ноќ не сме спиени, еве го од сабајле само двапати поврати. Јадеше ориз и 5-6 рипчиња, од 8 сабајле до сега тоа му е, плус 100 мл вода (на два-три пати) и чајче сега испи 100 мл пред спиење. Сега за сега е супер, нема температура. Од 4 сабајле до сега не ми крена ич. Се надевам дека ќе биде веќе подобар, сигурно е некој вирус.
|
|
|
|