|
Џесика -> RE: Повраќање кај децата (30.3.2012 13:57:46)
|
Ете не нас со повраќање. Ноќеска цела ноќ квичеше дека го боли мешето, и на двапати поврати малку, ама бистро, не храна. Сабајле му дадов двопек да јаде, изеде пола парче и сок во кој измешав чај од нане. Од време на време пак се жалеше дека го боли мешето, ама некогаш покажуваше и на градите, значи цел тој преден дел од гради до стомак го покажува дека го боли, наизменично. После касна 2 залачиња портокал и наеднаш почна да повраќа во млазови, ама ништо од храна, туку само течно. Ова се случувало и другпат, ама сега сум збунета дека нема никаков пропратен симптом на вирус или настинка, т.е нема температура, нити пролив. А долго време наутро се жали дека го боли мешето, и тоа додека да стане и да се раздвижи. Само денес се жали нон стоп. И сеа не знам што преглед ми треба, дали крвна слика или нешто друго. Не знам дали ако има некоја цревна бактерија реагира без Т?
|
|
|
|