SkCura77 -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (23.6.2011 13:35:31)
|
Јас брадавиците не ги мачкам со ништо, мене ме уплашија да не сум фатела некоја инфекција на некој внатрешен канал па ќе сметало на доење, не знам што да ви кажам. Јас ги третирам само со обичен сапун и вода на секое туширање и она триење со пешкир потоа за да зацврснат, да не распукаат и да не раскрваруваат при доење. понекогаш ги премачкувам со Павловиќевата крема со која го мачкам целото тело периодов, нели. А за тежината качив од 6-ти месец до сега 35 ГН едвај 10 кила со молење, се убив од јадење се и сешто, и благо и мрсно и здраво, ама цел живот бев спортист и немав проблем со тежината. И плус сум многу активна, све нешто чепкам по дома, мрдам, потсредувам, готвам, нагоре-надоле по скали до дуќан и сл, го бркам кучето низ двор и скоро секој ден обавезно пешачиме со ММ. Можеби последниве недели ќе се залежам па сигурно и тежината ќе ми се зголеми. Додека докторот ми вика дека бебушко е ОК со тежина и големина на секој преглед, за мене ич не се секирам.
|
|
|
|