temjana -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (13.8.2012 13:44:40)
|
Искрено јас само си го слушав организмот[sm=smiley1.gif] Значи од сабајле задолжително јогурт со житарки тоа некаде до кај 30та недела го јадев, па потоа имав еден оброк од овошна салата накај 9 часот сабајле, па накај 13 часот салата од зеленчук понекогаш наместо салатата од зеленчук имав оброк од варено јајце, сирење, патлиџан, пиперка свежа, краставичка. Ова ми беше јадењето до 16 часот односно додека сум на работа. Дома за ручек исто така салата задолжително и ручек најчесто некое вариво, манџа, или пак риба но многу ретко пржена најчесто печена или пак на скара. Остатокот од денот до легнување јадев овошје како свежо така и суво, значи сливи, урми, смокви, суво грозје многу, брусница... исто така и јатки доста јадев значи лешник, бадем... Е сега сладолетче во секое време можев да јадам но гледам да се контролирам па таков калоричен си дозволувам еднаш до два пати во неделата а остатокот јадам овошен на стапче Руменко со некои 40 калории[sm=smiley1.gif] Инаку сум поправена за овие 36 недели 11 кг, можеби звучи премногу но јас со малку почнав така да искрено не се чувствувам многу тешко а повторно ќе речам до сега апсолутно никакви проблеми немав, буквално сум трудница од учебник смирена, позитивна ведра... хаххаха како си се испофалив но навистина е така никогаш не сум била подобро расположена и посреќна[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|