temjana -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (22.5.2012 10:16:49)
|
Мануела скрининг се прави од 19-20 до кај 24-та недела тоа е првиот и во 32 недела е вториот скриниг.Станува збор за 4д ехо преку кое може да се види колку се развиени внатрешните органи на бебушот, и да се воочи доколку има некаква аномалија. Значи на скринингот немаш боцкање абдоменално ехо е и целиот преглед трае околу 20-30 мин зависи колку добро е свртено бебето. А она за кое што ти прашуваш е приска1 и се проверува преку крв на трансфузиологија со упат или пак на приватно како сакаш. Првата приска се прави околу 12-та недела после гинеколошкиот преглед на кој што се мери нухалната бразда, најчесто доколку е се во границите на нормала немаш потреба да го правиш значи не е задолжителен доколку имаш под 35 години, тоа е твоја и на сопругот одлука дали ќе решите да го правите ова испитување. Наредното е приска2 и се прави во истата недела кога и првиот скрининг, и повторно ќе речам ниту едно од овие испитувања нее задолжително доколку нели нема реална потреба, се е ваша одлука. Ви посакувам на сите лесна бременост и без многу оптеретувања[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|