LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (15.8.2013 16:04:19)
|
Здраво рингерајки, - бројот на инсеминации пред ИВФ (во принцип четири) зависи од комплексноста на проблемот кај парот. Ако жената е над 38-39 години или иако е помлада, има покомплексни инфертилни проблеми, или ако кај мажот има потешка ситуација, тогаш бараат 2, а во некои случаи директно препорачуваат ИВФ - кога ке отворите на страната на ФЗО, од десно има линк за постапка за ИВФ со слика на бебенце, кликнете, потоа има "Информации и обрасци за биомедицинско потпомогнато оплодување", кликнете на тоа, па на "Обрасци за осигурени лица за ин витро постапка" и образецот 3 ви кажува по ред се што треба. За специфични проблеми, јавете се во подрачните единици на фондот за да ви кажат да не треба уште нешто плус (Коки 12, не знам дали ја доби приватната порака за ова, ако не, еве ти информации) - целата документација на бараат во оригинал, бидејќи истата останува засекогаш кај нив. МОРА, нагласувам, МОРА да имате копии од сите документи, а на СЕКОЈ од нив тие треба да удрат печат и да напишат "верно на оригиналот", во случај да се изгуби документацијата, да имате доказ дека тие документи сте ги проложиле. Ако имате проблем, барајте во Ванчо во Фондот-Скопје да им се јави на тие мрзливите, да им каже дека МОРА на копиите да ви удрат печат и потпис и секако да ви дадат печат со архивски број, датум и број на вашиот предмет. - слушнав шпекулации дека комисијата за ИВФ е на одмор и тек на 27 август ќе заседавале за поднесените барања, но не знам дали е вистина. во принцип најдоцна одлучуваат до 30 дена од поднесување на барањето. Позз,
|
|
|
|