| 
	   
	    | 
		    
			  | LoveableMe RR ->  RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО  (7.9.2015 9:50:34) |  
			  | "05.09.2015
 Бесплатно ин витро и за трето и четврто дете
 
 Во Владата веќе сме во длабоки анализи и мислам дека набргу ќе излеземе со нов предлог, а тоа е да им се помогне и на оние коишто сакаат да одат со ин витро на трето или четврто дете, најави денеска премиерот Никола Груевски.
 
 - Како што знаете, досега беше дозволено поддршка на оние што сакаат второ и трето дете со ин витро. Сега Владата прави поддршка и за трето и четврто дете, се прават анализи да се ослободат од партиципација за сите, и за прво, второ, трето, четврто, таа партиципација изнесува 6.000 денари. Тоа е 20 отсто од вкупниот износ. На наредната владина седница треба да го дискутираме и да донесеме одлука по ова прашање. Но, мислам дека не постојат пречки. Досега инвестиравме околу 1,5 милион евра годишно за ин витро прво и второ дете, изјави Груевски орговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Младо Нагоричане.
 
 Тој смета дека, според разговорите што ги имал со ФЗОМ и со министерот за здравство, постојат услови Владата да донесе одлука да се прошири опфатот и за трето и за четврто дете со ин витро и сите да се ослободат од партиципација."
 
 Извор: Утрински весник
 |   
	          | 
 |  |  |