niki -> RE: Форумџиски живот и форумџиски личности... (14.7.2010 10:15:41)
|
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Некој утрово ги има нападнато секси темите, си се изначитав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] А јас веќе пола час читам што сте изнапишале вчера и сега остри прсти за реплицирање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] И јас луѓето на форум како и во реалниот живот ги делам на некои категории. Јас спаѓам во оние кои секогаш имаат свој став, секогаш и кога цитираат некого да го потпишат имаат што да додадат, секогаш се спротивставувам, знам да влезам во расправија, тоа не значи дека се карам но има моменти кога ми чури главата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Нормално дека се сметам за многу паметна, нели, како би можела поинаку да мислам за себе[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], што не значи дека не прифаќам туѓи совети и мислења и секако не коментирам онаму каде што незнам. На форум не избегнувам никого, но ми сметаат оние кои многу потпишуваат туѓи постови, незнам не ја сваќам поентата кога некој ќе изнапише цел реферат, а другиот ќе го цитира и ќе стави долу само потпис, според мене губење време, свое и на оние кои ќе ја отворат тема да го видат тоа. И уште нешто ми смета што сум го забележала, можеби е само мое видување, но јас така ги доживувам работите. Кога некој ќе цитира некого и ќе одговори со спротивен став другите веднаш тоа го доживуваат како карање и секогаш некој притрчува да ја смирува ситуацијата. Според мене нема потреба за тоа, се додека цивилизирано се комуницира, се додека се држиме на темата, се додека нема навредливи зборови во пишувањата. Ко да се плашат луѓето од цитати и спротивни ставови, ко да е страшно некој да се натега со некого. А всушност натегањата се тие кои привлекуваат публика, полемиките се тие кои допринесуваат поголема активност на форумот. Мене кога нема интересни теми на кои што се дискутира и фрчат постови од минута во минута, не ми се седи на форум, досадно ми е кога од последниот пост напишан поминува половина час, без да се објави нов. Тогаш е време да се појде на друго место и да се прави нешто друго корисно за мене. Ми сметаат и теми во кои ќе се изначиташ еден куп постови, а суштината иста, ко да не се читаат претходните постови и само се пишува да се напише нешто, да се стави рецка, нема дискусија, нема ништо, само монолози. Инаку не тепам време на форум, тој ми е извор на информации, искуства, различности, место каде што можам и јас својот допринос да го дадам каков таков и ако помогнам некому да се чувствувам подобро. Ако ми е лош денот да си најдам теми кои ќе ми го поправат расположението и ќе ме насмеат до солзи. Ако ми се кука да се искукам, но знам дека тоа нема никому да му го расипе денот бидејќи секој сам одбира што ќе чита и секој слободно може да ме скокне ако тој не е во тој фазон тој ден.
|
|
|
|