RE: Форумџиски живот и форумџиски личности... (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


AneLav RR -> RE: Форумџиски живот и форумџиски личности... (21.11.2014 9:12:56)

За секој форумите и форумџискиот живот е нешто лично. Кој како ќе си го свати. Некој чита, се информира, некој споделува, некој критикува, некој се прави паметен, некој се крие зад форумот а во приватен живот е сосема друга личност, некој брка награди па пишува глупости, некој провоцира и се расправа.... Според мене форумот и баш треба да биде место каде што секој искрено треба да си го каже својот став. Никој не те познава користиш псевдоним па биди тоа што си. Кога гледам и читам сите некако сакаме да оставиме добро мислење да се пофалиме, да се истакнеме ко божем некој признание ќе ни да де за тоа. Ретко кој зборува за своите проблеми на форум. Секој сака да остави добар впечаток. Па луѓе и да ви кажам не верувам дека на сите ни е толку идеално како што пишуваме. Човечно е да се трудиш да оставиш добар впечаток, но труди се тоа да го направиш со искреност. Мислам дека погрешно е сфатен од сите нас концептот на форумите.... Балканци ни е страв дека некој ќе дознае кои сме па што ќе си мисли за нас, тогаш воопшто да не пишуваме поарно, да живееме за другите...




vezilka RR -> RE: Форумџиски живот и форумџиски личности... (21.11.2014 21:46:43)

Јас пак мислам дека тоа што се пишува на форум никогаш не можеме да знаеме дали е вистина или не бидејќи најчесто не знаеме кој се крие зад никот. Така и треба да биде. Затоа секогаш тоа што е напишано на форум го земаме како став на форумџијата и по него дискутираме. Мене не ме интересира кој е каков во приватниот живот, мене за дискусија на форум ми е доволен само ставот на форумџијата напишан во постот.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]