| 
				  baby_bump ->  RE: Губење на млекото  (26.12.2010 13:48:03)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   И кај мене сличен проблем, премногу стрес и нервози, со 2 месечно бебе минатата недела бев во болница 5 дена [sm=smiley19.gif], со дијагноза бронхеолит, инфузија во глава, секојдневно боцкање по 3 пати, се утепав од плакање, ми дојде мензис и на крај овие денови осеќам намалување на млекото.   Не сум сигурна но можеби и советот што го прочитав овде, една града еден подој, малку придонесе за оваа ситуација, бидејќи моето цица на 2-3 саати, со цицање само од една града на секој подој, стимулацијата на секоја поединечна града е на секои 5-6 часа, отколку како што го доев претходно, од двете гради на секој подој?   Ја разбирам причината за такво доење, нели да го исцица до крај и најхранливото млеко, но млекото така значително ми се намали. Сега пак се враќам на старото на секој подој од двете гради, упорно ја ставам и на двете па можеби ќе се врати млекото.   Инаку забележав и зелена столица кај бебето и навечер јас сум толку исцицана што немам млеко да и дадам токму пред ноќното спиење за да не се буди толку често.   Се борам да не го изгубам млекото и секогаш кога сака и давам да цица.   На крај се консултирав со педијатар и за секој случај купивме Хип Пробиотик за дохрана пред спиење.   Само ме интересира што е тоа грисолино? Зошто го давате?    Моето бебе е 2 месеци старо, по колку количина од вештачкото млеко да и спремам во случај да снемам млеко навечер?   поздрав 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |