Felly RR -> RE: Лазење (2.11.2015 10:10:51)
|
Lolla, мислам дека веќе после 6 месеци, може малце поопуштено во однос на тие работи, само сепак да се внимава да не се вледува дома со чевли од надвор, а инаку за чистење исто како и претходно. Јас секогаш сум чистела со обични средства, како ајакс/авакс што не се плакнат, ама па мојава и не знаеше да лази, прооде на 11 месеци, а се научи да лази после година и пол. МОже па и затоа не сум нешто посебно внимавала. Во однос на заштита, може да ги тргнеш некои опасни работи што се на висина која може да ја дофати, а за вратнички и сл има мислам и од џамбо да се купат, но јас не сум користела, М не чепкаше по такви работи, само масичката од дневнма ни беше тргната до комодата за ТВ во тој период додека проодуваше, ем да и биде пошироко, ем барем двата ќоша од масата беа заштитени.
|
|
|
|