Felly RR -> RE: Лазење (30.5.2011 13:33:06)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly Моево дете наопаку се роди, па се прави наопаку. Воопшто не сакаше да лази, ако од седечка состојба се свртеше на стомаче почнуваше да плаче и да се нервира, воопшто не знаеше да се помрдне нанапред. Сега има 11 и пол месеци и пред три дена почна да лази! А веќе еден месец па и повеќе оди ако го држам за раце. Се плашам сега да не му стане интересно лазењето и да не сака да оди. А и палчето сега почна да го цица, а досега не го правеше тоа. Најверојатно гледа децата во градинка што прават, па и тој... Нема потреба да се плашиш, па што и ако покасно прооди, не е тоа нешто страшно, подобро да лази, му се зацрвстуваат мускулите, а и после кога ќе почни да оди ќе знае како да паѓа, Михил исто се нервираше кога го ставав да лази и на 11 месеци почна сам да лази со лежење, а потоа и на колена и јас воопшто не го форсирав да оди, убаво сам прооде на 14 месеци и сега кога паѓа никогаш нема паднато на глава, или на колена паѓа или седнува на газ И јас мислам исто како Snowhite, еве Матеа уште не знае да лази а има 17 месеци, (сама почна да оди уште пред година) и затоа има два пати паднато јако, и директно со главата на паркет. Никако не знае да се задржи на раце, дури и кога лежи на стомак, за да стане прво го крева газот, а со главата нурната в земја, и после некако ќе се подигне и на раце па ќе стане. Си мислам дека нема лазено никогаш може и не и се зацврснати толку мускулите на рацето, па затоа и е тешко да се потпре на раце и да се крене.
|
|
|
|