|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто не треба да го игнорирате плачот на бебето?

Редакција Рингераја, 29.4.2020
Внимателно влеговме во просторијата полна со креветчиња. Имаше околу 20 креветчиња и во секое имаше дете на возраст од неколку месеци до една или две години. Забележавме дека тука нешто не е во ред. Просторијата беше неверојатно мирна и тивка
Клучни зборови:

image
Фото: freepik.com
/11


 

Пред десет години мојата жена и јас го посетивме Алмати (Казастан) за да го посвоиме нашиот син (нашето четврто дете). Во Казахстан постојат традиционални сиропиталишта. Замислете ги сите оние слики од филмовите за сиропатилиштата, но со уште помизерни услови. Ова сиропатилиште кое го посетивме е стара советска градба.

Неколку недели пред самото посвојување го посетувавме нашиот иден тогаш 16-месечен син секојдневно на еден час и половина, односно ни го носеа. Секогаш беше во други пелени, онакви какви што можеле да најдат. Повеќе пати беше и во розови хулахопки со цвеќиња.

Вработените во сиропатилиштето искрено се грижеа за него. Сепак на 30 мали деца доаѓаше само по еден вработен, а некогаш тој сооднос беше и полош, едноставно беа преплавени. Еден ден не беше достапен ниту еден вработен. За да го вратиме нашиот иден син, одлучивме сами да одиме до местото каде децата го поминуваа најголем дел од денот.

Внимателно влеговме во просторијата полна со креветчиња. Имаше околу 20 креветчиња и во секое имаше дете на возраст од неколку месеци до една или две години.

Двајцата стоевме и гледавме. Забележавме дека тука нешто не е во ред. Просторијата беше неверојатно мирна и тивка.

Тишина.

Проверивме дали сите деца спијат. Само неколку од нив. Некои беа станати, но голем број лежеа на грб. Од претходните посети знаевме дека нашето бебе секогаш е гладно. Тие немаа доволно за сите. Нашиот син на 16 месеци тежеше само околу седум килограми.

Просторија со 20 мали гладни деца би требало да биде какофонична од плачење. Дури и да не се гладни, би плачење заради тоа што им треба менување на пелени или внимание. Некои можеби би сакале да ги кренат во раце.

Овие деца понекогаш плачеле. Инстиктивно. Децата плачат за да им „кажат“ на возрасните дека имаат некој проблем.

Сепак ако детето плаче и плаче повторно и неговите потреби не се задоволени, ако никој не доаѓа, тоа набрзо разбира дека плачењето е бесмислено. Значи, тоа беше просторија со 20 бебиња кои биле тотало „изгаснати“. Во тој момент некој да ме прашаше ќе речев дека ќе ги посвојам сите.

Плачењето е звук на животот. Детето вели: „Јас верувам дека некој моите потреби ќе ги задоволи. Дека некој ме сака. Дека некој ќе дојде“.

Тоа е убав звук.

Првпат кога нашиот син плачеше знаевме дека нешто се менува кај него. Тој разбра дека ние реагираме на неговото плачење.

Следниот пат кога ќе се најдете во ситуација кога детето плаче и каде неговото плачење не би требало да се слушне, како црква, ресторан, театар, потсетете се дека тоа е најчистиот повик за љубов. Не го игнорирајте овој звук и радувајте се дека на плачењето кое го слушате,  ќе биде одговорено“.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
3
Новороденче: 10 најчести прашања на родите...
Кога ќе се роди бебе, животот на младите родители се менува. Тие го сакаат само најдоброто за своето бебе, имаат илјада ...
3
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?