|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Zivka*: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 28.11.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/111


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Ник: Zivka*

Датум на породување: 07.11.2011  година

Тип на породување: природно

Болница: Akademicki szpital kliniczny -Wroclaw, Polska

 

 

Осми март беше денот кога го направив тестот за бременост и  дознав дека сум бремена. Бев пресреќна, од среќа почнав да плачам  и веднаш му соопштив на маж ми за убавата вест. Бевме пресреќни и возбудени!!!

Бременоста ми беше преубава, супер се чувствував, освен што во 26-та и во 35-та недела ми се качи притисокот и лежев неколку дена во болница за да не набљудуваат и мене и бебето. Терминот ми беше на 11.11.2011 год. На 7.11 рано наутро во 2 часот ме разбуди силна болка во долниот дел од стомакот. Не бев сигурна дали  тоа е тоа, цело време имав нагон за во WC, не можев да лежам и почнав да мерам на колку време ми се болките. Беа на 5 минути ама не толку многу јаки. Не сакав да го будам маж ми и почнав да си читам на Рингераја искуства за породилните болки се до 6 часот. Го разбудив маж ми и веднаш ме однесе во болницата каде што сакав да се породам. Во болницата стигнавме во 7 часот утрото, среќа немаше гужва па веднаш ме ставија на ЦТГ. Болките сеуште ми беа на 5 минути и после пола час дојде лекар да ме прегледа кој ми рече дека не сум воопшто отворена. За да биде уште полошо ми кажаа дека нема место во болницата за да се породувам, а да биде уште потрагично ми кажаа дека немало место во ниедна болница во градот и дека ќе ме носат со брза помош во друг град.

Почекавме во таа болница еден час и за моја среќа, за тоа време додека чекав една девојка се породила, се ослободи едно место  и веднаш ме качија во породилната сала. Болките стануваа се појаки, појаки и почести, а немав ни абер да се отворам. Да нагласам дека немав ништо јадено од претходниот ден и бев многу гладна, но не ми дозволија ништо да јадам.

 Околу 12 часот ми ставија провокација и до 17 часот се отворив само 4 прсти. Болките ми беа се почести  и појаки се молев што побрзо да заврши...Во 17часот ми ставија некаква инфузија за да предизвикаат брзо отварање и уште појаки болки. Се до 19 часот болките ми беа неиздржливи, ги молев да ми дадат спинална да ми ги смират малку болките но анестезиологот не се појави. Немав сила во мене, бев многу гладна и уморна и мислев дека цел ден ми беше како цела вечност...

Во 19:15 мин. видоа дека  веке сум отворена 9 прсти и бев пресреќна кога ми кажаа дека веке можам да давам напон. Во 19:33 мин се роди мојата ќеркичка Каја, тешка 3890гр, долга 52см, со апагар 10. Плачев од среќа дека конечно се' заврши и кога ми  го дадоа во раце моето ангелче, заборавив на се што поминав тој ден. Повеќе не бев  гладна и ништо веќе не ми беше битно, освен мојата Каја.

Телефонот  беше цело време до мене и веднаш му се јавив на маж ми кој чекаше 13 часа во ходникот. Почнав да се јавувам на сите мои роднини во Македонија да им соопштам дека веке си го имам во рака најмилото мое. После 40 минути го пуштија маж ми да дојде да не види ...бевме неописно пресреќни!!!

 

Рингераја и посакува среќно детство на Kajа !

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Подобрување на интимноста за време на брем...
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...
5
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
4
Трудници! Ова не смеете да јадете!
Прва лекција за сите трудници! Отпечатете го овој инфографик и прицврстете го со магнет на фрижидерот
4
kkkk: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?