|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Жити Бога не го ставај тоа на Фејсбук!

Редакција Рингераја, 11.7.2012
Сами сме виновни за 90% од информациите кои за нас ќе завршат на Фејсбук, а можеби нема да бидат сфатени и прифатени на начин на кој сме мислеле...

image
/11


 

 

Facebook – забава, зараза и проклетство! Тоа се веројатно трите зборови кои најдобро ја опишуваат најпопуларната и најмасовната општествена мрежа. Таму се склопуваат пријателства, се раѓаат и прекинуваат љубовни врски, се слават убави моменти, се одбележуваат тажните, се игра, се дружи, се разменуваат и собираат информации. Колку што има предности, исто толку Facebook има и свои недостатоци.

Не морате сами да ја објавите Вашата компромитирачка фотографија од забавата, тоа може да го направи и Вашиот пријател, но верувајте, тоа воопшто нема да изгледа убаво. Секако, тука се и оние иритантни пријатели кои прават промена на статус кога одат во тоалет или оние кои ги коментираат и лајкуваат Вашите постови, макар што немааат блага врска што Ви значи тоа.

За да не ги правите и повторувате истите грешки, Ви нудиме список на работи кои не треба да ги објавувате на Facebook

 

1.       Песни, статуси и имиња кои алудираат на неодамна прекината љубовна врска/расправија со партнерот

Никогаш немојте да објавувате ништо по тоа прашање па макар тоа да го разбере само тесен круг на пријатели. Не само што заради тоа ќе бидете лути на себеси и очајни, туку и многу брзо ќе зажалите што го ставивте тоа на FB.

 

2.       Негативни постови за други луѓе

Немојте во никој случај да ставате негативни коментари или постови за други луѓе колку и да Ве нервираат или колку и да ги мразите заради некоја причина. Иако имате прифил кој е приватен, сепак Вашиот статус може да се сподели и сето тоа да отиде во недоглед. Не се доведувајте во непријатна ситуација заради момент на невнимание.

 

3.       План за одмор

Планирате одмор и едвај чекате да почне? Е па не морате целокупниот план и секојдневното одбројување да го објавувате на Фејсбук. Таквите информации се шират со неверојатна брзина, па на потенцијалните крадци им давате време да направат добар план ако да ја ограбат Вашата куќа. Не се фалете дека сте на одмор и колку долго ќе останете. Кога ќе се вратите почестете ги пријателите со примерни фотографии.

 

4.       Покани за игри, настани и други апликации

Тоа ужасно нервира! Можете  да бидете симнати од листата на пријатели или да бидат блокирани Вашите постови.

 

5.       Лични информации за семејството, посебно за малите деца

Сите родители би сакале другите луѓе да им се восхитуваат на нивните деца – како се преубави, слатки, паметни...Но не ставајте на Фејс фотографии каде децата се голи, или додека ги бањате, за да не дојде до нивна злоупотреба. Исто така не го употребувајте полното име и презиме на детето ниту информации за градинката, училиштето, или нивните редовни активности. Никогаш не се знае кој ги гледа фотографиите и кој собира информации.

 

Новости на работното место – не ставајте ништо за бившата, сегашната или идната работа на Фејсбук и тоа не посебно во работно време. Многу личности останале без работа заради тоа.

Број на мобилниот телефон – Никогаш, ни во лудило не го оставајте бројот на својот мобилен телефон во информации на Вашиот профил.

Компромитирачки фотографии – Никогаш не ставајте пијани, полуголи или голи фотографии, нити фотографии со одредена сексуална содржина. Ако тие фотографии не можете да им ги покажете на Вашите деца или родители, не ги ставајте ниту на Фејсбук.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Новаќ Ѓоковиќ се вери со Јелена Ристиќ
Најдобриот тенисер на светот и неговата девојка Јелена Ристиќ се верија по 8-години врска, пренесуваат белградските меди...
3
Ентони Хопкинс: Бидете блесави, бидете чудни
Нема ништо подобро од тоа кога легендарниот глумец ќе ви посака добар ден на овој начин
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?