|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Заштита на бебешката кожа од сонце

Редакција Рингераја, 16.6.2011
На нежната бебешка кожа и е потребна посебна нега и заштита, бидејќи е почувствителна и потенка од кожата на возрасните. Изложувањето на сонце е многу опасно заради штетното ултравиолетово зрачење.

image
/11


 

Бебињата помали од 12 месеци избегнувајте да ги изложувате на сонце бидејќи и само неколку минути на директно сонце може сериозно да ја оштетат нивната кожа. Ако детето е постаро може да си игра на сонце со задолжителна опрема: шешир, маица и крем со висок фактор.

Најефикасна заштита е нанесување на заштитен крем со висок фактор и внесување на доволна количина на течност на секои 20-30 минути, како и играње на место кое не е директно изложено на сонце.

 

Кога да ги избегнуваме сончевите зраци?

Би требало да се избегнува одење на плажа во најтоплиот период од 11 до 17 часот. Најдобро би било да најдете природна сенка бидејќи и сонцето скриено зад облаци или индиректната топлина може да и наштети на бебешката кожа. Шешир од природни материјали и светли бои се задолжителни, како и наочари за сонце.

 

Кои се добри наочари за сонце?

Бебињата и малите деца се најчувствителни на УВ зрачење и затоа мораат да носат квалитетни наочари и шешир. За оптимална заштита побарајте стакла кои блокираат 99-100% ултравиолетови зраци.

Ако на наочарите за сонце не постои декларација, побарајте друг пар. Подобро платете повеќе, за да бидете сигурни дека стаклата нудат адекватна заштита од ултравиолетови зраци.

 

Како да изберам најдобар заштитен крем за моето бебе?

При изработка на препаратите за заштита од сонце производителите користат хемиски филтери, односно хемиски супстанции кои апсорбираат одреден дел од УВ зрачењето. Но за да се постигне најдобро ниво на заштита од сонце, хемиските филтери се комбинираат со други елементи кои ги одбиваат сончевите зраци.

Кога се во прашање деца до 12 месеци, би требало да се избегнуваат кремови за сончање со хемиски филтер, туку треба само да се потпрете на механичка заштита од сонце. За децата над 12 месеци купете заштитен крем со висок фактор (околу 50) и крем за лице исто така со висок заштитен фактор.

 

Како да се навикне бебешката кожа на сонце?

Петнаесет минути пред да излезете на сонце премачкајте ги со заштитен крем сите делови на бебешката кожа кои не се покриени со облека. Внимавајте да не намачкате крем на устата на бебето, или на очните капаци. Почетното изложување на сонце не смее да биде подолго од неколку минути, а потоа може постепено да се продолжува по две минути дневно, до вкупно 20 минути.

Напомена: Доколку детето прима некакви лекарства, проверете дали предизвикуваат засилена реакција при изложување на директна сончева светлина, пред да го изнесете на сонце.

 

Дали важи правилото дека на веќе сончана кожа не и е потребна заштита од сонце?

Не постои безбедно сончање, без оглед на тоа колку постапно се сончате Вие и Вашето бебе. Сончаната кожа не е заштита од понатамошни оштетувања. Детето може да добие изгореници од сонце и сред зима.

Бебешката кожа заштитете ја со облека, на главата нека има шешир со широка сенка, лицето намачкајте го со крем со висок фактор, а на очите ставете му наочари за сонце.

Доколку бебето и покрај овие мерки изгори, дајте му повеќе течности, за да не дојде до дехидрација и намачкајте го со крем кој се користи после сончање. Доколку се појават пликови, однесете го на лекар.

 

Што е сончаница?

Сончаницата е сериозна болест и се појавува кога главата се изложува на директно сонце. Почнува со главоболка, потоа се јавува мачнина и нагон за повраќање, а може да дојде и го губиток на свеста. Ако забележите некои од овие симптоми, разладете го бебето, дајте му течност и одведете го на лекар.

 

Како да се намалат изгорениците од сонце?

Изгорениците од сонце се ладат со облоги од ладна вода 3-4 пати дневно, додека не помине црвенилото. Можете да го мачкате бебето со хидратантен крем или гел од алое, додека потешките изгореници треба да ги прегледа лекар и да препише терапија. Најдобра превентива е лесна облека и крем со висок заштитен фактор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чистотата е половина болест?!
Антибактерискиот сапун не е најдобар пријател на Вашето дете и доколку му посакувате добро здравје, потрудете се од најр...
3
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Пример за правилни фотографии - Ѕвезда на ...
Проверете како да направите правилна фотографија за натпреварот Ѕвезда на бебе календар за 2022 година спонзорирана од J...
3
Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?