|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зачини во исхраната на бебето

Редакција Рингераја, 30.5.2012
Доколку на детето помало од една година сакате да му дадете зачинета храна, претходно информирајте се дали одредени зачини се дозволени во исхраната

image
/11


 

 

Од кога смеат да се користат зачини во исхраната на бебето?

Доколку сакате да додадете зачини во исхраната на бебето бидете многу внимателни и користете ги во многу мали количини, посебно ако бебето е се уште мало. Зачините немаат голема нутритивна вредност, но се додаваат во исхраната за да го подобрат нејзиниот вкус и мирис

Доколку на детето помало од една година сакате да му дадете зачинета храна, претходно информирајте се дали одредени зачини се дозволени во исхраната.

 

Кои зачини смеете да ги дадете на детето и од која возраст?

  • Ловоров лист, магданос, целер можете да додадете во храната која ја подготвувате за бебето постаро од 9. месеци.
  • Лук и кромид и тоа само термички обработени можете да додадете во исхраната на бебето по првата година
  • Ванила може да додадете во исхраната на бебето постаро од 9.месеци, а цимет на бебињата постари од 1. година
  • Рузмарин и босилек, може да се даваат по 2. година од животот

 

Дали зачините  можат да бидат корисни за бебето?

Многу од зачините, кои се додаваат на храната, или се подготвуваат како чај, можат да бидат многу корисни за бебето, како на пример:

  • ѓумбир, кој е одличен за проблеми со стомакот, како и цимет кој се препорачува при случај на дијареја.
  • коријандер, помага против гасови и го подобрува апетитот.
  • нането, помага при проблеми со варење, но и за ослободување на дишните патишта.

 

Дали зачините можат да му наштетат на бебето?

Зачините како бел и црн бибер, киселина и рен, може да ја надразнат слузокожата на желудникот и цревата, па е подобро да се избегнуваат додека детето не порасне и не му се зајакне организмот. Доколку подготвувате храна за целото семејство, по желба секој нека ја зачини својата храна, бидејќи за бебето не се потребни засилувачи на вкусот на храната. Исто така може да се добие алергиска реакција на некој од зачините.

 

Дали смеете да додавате  винска или лимонска киселина во храната?

Многу производи кои ги купуваме содржат винска киселина, или лимонска киселина (бонбони, џемови, компоти)

Децата помали од две години воопшто не смеат да консумираат киселина, а од 2-3 години смеат но во исклучително мали количини.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Сакате да знаете што сонуваат бебињата?
Сигурно сте се запрашале, гледајќи го бебето како спие, што се мота по тоа слатко главче. Не сте осамени во таквите разм...
4
Зошто да доите?
Дознајте зошто е важно да го доите бебето (хрватско видео)
3
Бебето треба да спие со мајката до третата...
Бројни истражувања покажале дека срцето на бебето е под многу поголем стрес ако треба да спие само
3
Мајчиното млеко штити од СИДА!
Анти-вирусниот ефект на мајчиното млеко може да ги заштити бебињата од вирусот на сида, покажуваат истражувањата
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?