AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Таа помина две години со инвитро третмани, и по четири неуспешни обиди помисли дека ја изгуби сета надеж да стане мајка.
Малку е чудно но Кејт Силвертон изгледа пресреќна, покажувајќи го бебето кое мислеше дека никогаш нема да го има – зачнато по природен пат неколку недели по запирање на третманите.
41-годишната BBC презентерка која е во брак со Мајкл Херон, поранешен кралски маринец, ја роди својата ќерка во ноември, опишувајќи ја нејзината бременост како "чудо".
"Сеуште не можам да верувам дека таа е тука", вели таа. "Гледајќи ја нејзината насмевка, едноставно се топам. Тоа е кулминација на сето она што некогаш сум се осмелила да го замислам или да се надевам.
"Кога ја држам во моите раце, хранејќи ја во раните утрински часови, со Мајк кој спие до мене, го гледам нејзиното мало лице и чувствувам преголемо задоволство од она што се случи.
"Живеам за моментот кога наутро ќе се потпрам на нејзиното креветче, без разлика дали ќе видам насмевка на нејзиното лице или пак нејзината долна усна ќе трепери од плачење. Таа е едноставно прекрасна.”
Лекарите ја предупредувале Госпоѓа Силвертон дека тешко ќе забремени по природен пат, откако бил отстранет еден од нејзините јајници. Таа потоа се подложи на вештачко оплодување, кое беше 4 пати неуспешно, па парот одлучи да престане со третманите - а наскоро потоа по природен пат беше зачната ќерката Клеменси.
Госпоѓа Силвертон рече: “Незнам како се случи тоа, но ќе бидам благодарна секој ден до крајот на мојот живот што доживеав да родам и да ја имам мојата ќерка. Тажен е фактот дека толку многу двојки се соочуваат со истите потешкотии како и ние и посакувам да можев ним да им поделам дел од нашата среќа.”
Таа изјави “Одлучивме да не бараме ничија помош околу одгледувањето, бидејќи ни се допаѓа идејата да функционираме како тим, инстинктивно да научиме што повеќе, иако признавам дека тоа значи одење по потешкиот пат.”
Госпоѓа Силвертон се омажи за Господин Херон во Декември 2010 во црквата St Bride, откако две години биле во врска.
Експертот за безбедност, кој бил кралски маринец, и предложил брак клечејќи на колена во Плаза дел Пополо во Рим, на патувањето до италијанската престолнина. На прстенот кој и го подарил бил изгравиран зборот “Засекогаш” и бил направен специјално за неа, бедејќи тој знаел дека презентерката на BBC ќе сака дијамант кој ќе биде посебен.
Госпоѓа Силвертон признава дека не очекувала дека ќе најде вистинска љубав по повеќе години поминати како сингл. Таа вели “јас не сум типична невеста. Ми требаа 40 години за да стигнам до тука и искрено, не бев сигурна дали бракот е за мене”.
Двојката се запознала на курс за новинари на BBC кои ќе одат во воените зони и ќе известуваат во тешки услови.
Таа вели: “Кога го запознав на овој курс, ми се допадна не само заради физичкиот изглед, туку и заради квалитетите кои ги поседува. Тоа е силниот карактер, интелегенцијата и моралните вредности кои ги споделуваме. Тој не е тип на човек кој ќе моли некого за било каква работа, автономен е, учтив, интересен и вистински џентлмен. Тој како да не припаѓа на ова време, одбива да биде понесен од модерниот свет и е незаинтересиран за таквите ситници.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?