|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сигурносниот појас е најефикасна направа за заштита на патникот во автомобилот и во останатите превозни средства, и најдобро е кога сите патници и деца доследно би го користеле

image
/11


 

 

Воведување на сигурносниот појас во автомобилите претставува  најголем чекор во автомобилската индустрија до сега,  во системот за подобрување на  пасивната безбедност на патникот за време на судир. Помалата затегнатост на појасот при возењето може да допринесе за поголеми телесни повреди доколку се случи некоја сообраќајна незгода.

 

Врзувањето со појас е задолжително

 

Врзувањето со сигурносниот појас е задолжително во Македонија. Законот за заштита во сообраќајот укажува на тоа дека возачот и со-возачите во автомобилот мора да бидат на своите места каде што се вградени сигурносните појаси, заврзани на начин кој го предвидел произведувачот на автомобилот со оглед на конструкцијата на сопирачкиот систем.

 

Како е во пракса?

Во Македонија се почитува законот за употреба на сигурносните појаси. Според податоците на полицијата степенот на употреба на сигурносниот појас континуирано се зголемува. Но за жал на нашите патишта сеуште има голем број на сообраќајни несреќи со големи телесни повреди или со смртни исходи  поради некористење на истиот.

Статистиката покажува дека најголема е употребата на сигурносниот појас на автопатите, а најниска на улиците во населените места, што најверојатно е последица на тоа што учесниците во сообраќајот не обрнуваат многу внимание  на употребата на сигурносниот појас и на детската безбедност  во зависност од видот на патот.

 

Децата често пати не се врзани!

 

Според сообраќајната статистика употребата на сигурносниот појас во текот на возењето е многу поголема од страна на женската популација без разлика дали станува збор за возачи или со-возачи. Исто така значително голема е разликата во употреба на сигурносниот појас на предните седишта наспроти задните. Во просек 60% од патниците на задните седишта го употребуваат сигурносниот појас, а останатиот дел е сеуште мал пред се кога станува збор за децата.

 

Сигурносниот појас може да спаси живот!

 

Меѓународните искуства  кажуваат дека употребата на сигурносниот појас го намалува ризикот од тешки телесни повреди или смртни исходи при сообраќајни несреќи дури до 40 %.  Во европската унија  сообраќајните стручњаци пресметале дека годишно може да преживеат околу 7.000 луѓе, доколку сите го употребуваат сигурносниот појас.

Дека сигурносниот појас навистина може да ни го спаси животот, докажува и податокот за повреди при сообраќајни несреќи: од тешки телесни повреди кои процентуално изнесуваат околу 73%, па се до полесни повреди кои изнесуваат 95%.

 

За поголема безбедност на детето во автомобил.

Сообраќајците на позитивен начин треба да ги поттикнуваат децата за постојана употреба на сигурносниот појас при возењето. Сообраќајците пред се треба да ги посетуваат детските градинки и училишта каде би се зборувало за предностите од употребата на сигурносниот појас во сообраќајот со што би се разбудила свеста кај децата за сообраќајната култура.

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето се уште не зборува. Што да правам?
Секој родител со нетрпение очекува неговото дете да ги изговори првите зборови и да се научи да именува што сака и што г...
4
Период: Тато го сакам повеќе од мама?!
Заеднички феномен кај малите деца е да минуваат низ фаза, ориентирана кон татковците. Оваа фаза се случува обично околу ...
4
Одлучив да бидам лоша мајка!
Кои се нештата кои една мајка ја карактеризираат како добра или лоша? Има ли учебник од кој една жена може да научи како...
4
4-годишно девојче прави фустани од хартија...
Идеите за фустаните се и од мајката и од ќерката. Фустаните ги изработува претежно мајката, а ќерката е тука да сечи, да...
4




Анкета

без ОСЕТ
daki

Ако имате мало дете и во вашата куќа свекорт и свекрвата ја викаат другата внука на гости да ја почуваат, покрај тежината на вашето дете ВИЕ........

ќе ќутите и помагате (33%)

ќе си одите кај мама додека ја /го чуваат др внук/а (23%)

ќе се нервирате зошто толку гужва а не сте си слободни со вашето дете (18%)

не сте должни да чувате (18%)

ќе се скарате со таа што го пуштила (1%)

или нешто друго пишете во коментари молам? (6%)


Број на сите гласови: 87

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!