|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Време е за второ бебе – што се треба да се знае

МИА, 29.4.2014
Минаа непроспиените ноќи, маките со грчеви, нападот на плачење и сите други проблеми околу растењето на бебето и чувствувате дека имате доволно енергија и желба да пораснете уште едно дете…
Клучни зборови:

image
/11


 

Навистина, како треба да се започне со „новиот проект“ и како вашето поголемо дете ќе го поднесе сето тоа – вашата бременост и доаѓањето на свет на помладиот брат или сестра?

 

Вистинско време

На прашањето дали постои вистинско време за второ дете, поголемиот дел од експертите одговара дека бебето подобро напредува доколку се направи поголема пауза по раѓањето на првото дете.

Истражувањата на британските научници покажаа дека раѓањето на второ дете во период покус од половина година после раѓањето на првото, го зголемува ризикот (околу 40 проценти) од прерано породување и помала телесна тежина на новороденчето. Уште една студија, но на американски експерти, покажува, дека идеален интервал меѓу две породувања е од 24 до 35 месеци.

 

Двајца се друштво

Најдоброто време вашето дете да добие брат или сестра е кога тоа е помладо од една година или постаро од три. Во првиот случај, вашето прво дете нема да го доживее помладиот брат или сестра како ривал, додека во периодот меѓу првата и третата година детето може да се почувствува потиснато. Од друга страна, четиригодишните деца веќе се доволно сигурни во родителската љубов, оствариле одреден степен на самостојност и имаат формирано свој мал свет.

Некои родители преферираат „во една тура“ да ги поминат неспаните ноќи и нечистите пелени, додека други сакаат целосно да се опорават и да почекаат поголемото дете да оди во градинка пред да се впуштат во „реприза“.

 

Што ме чека

Второродилките можат да се поделат на две категории – на оние кои им е полесно во втората бременост и на оние кои им е потешко ова искуство. Некои жени чувствуваат зголемена утринска мачнина, болки и други тегоби… Други, пак, едноставно „пролетуваат“ низ сите девет месеци, сигурни во себе, без многу паника или грижа. Освен тоа, вниманието кои го посветуваат на првото дете често не остава многу време да се размислува или стравува поради (сепак) на сити добро познатите тегоби на втората бременост.

 

Ослободете се од стравот

Можеби најголемата грижа на поголем број на жени кои по втор пат стануваат мајки е самиот чин на породувањето, а прашањето кое сите ги мачи гласи: – Дали ќе биде исто како минатиот пат или ќе биде полесно?.

Стравот кај жените кои имале лошо искуство при првото породување е сосема разбирливо.. Меѓутоа, за да не ги преживувате сами своите „кошмари“ и со непотребен страв да го зголемете нивото на стрес, разговарајте со некој за тоа што ве загрижува – со лекарот, психологот, бабицата, пријателот, сопругот… со лицето кое ќе ве смири и ќе ви даде потребни информации.

 

Лекарска помош

Следењето на втората бременост може да биде нешто поинаку отколку со првото дете. Динамиката на посетата на лекарот, како и видот на прегледот, ќе биде одреден пред се, од текот на вашата прва бременост. Доколку таа била сосема нормална, без никакви компликации, тогаш е сосема извесно дека ќе имате помалку прегледи.

Од друга страна, ако сте имале проблеми како што е, на пример, зголемен крвен притисок, тогаш во текот на втората бременост ќе бидете под будно око на лекарот.

Експертите се согласуваат во тоа дека второродките не успеваат да пронајдат доволно време за одмор и опуштање. Затоа е важно да препуштите одредени обврски на својот сопруг и да се одморите секогаш кога и вашето поголемо дете одмора во текот на денот.

На крајот на краиштата,  потребна ви е енергија за второто породување и за навикнување на животот на мајка со две деца.

 

Извор: МИА

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Видео: Како доаѓа до оплодување?
Нашиот организам е вистинско чудо! Погледнете го совршенството на оплодувањето
4
Добриот појадок помага при забременување
Нова студија на истражувачите од Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим и Универзитетот во Тел Авив, покажува дека добриот ...
3
Наутро или навечер? Кога е најдобро да пра...
Верувале или не, имате поголеми шанси да имате бебе во одреден дел од денот. Погледнете со какви податоци дошле научници...
3
Рубеола
Рубеолата ја предизвикува вирус. Болеста обично е блага, но може да предизвика сериозни оштетувања кај неродени бебиња. ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?