Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ама не само да се избањам на кратко, додека стресно се прашувам дали ќе успеам во две минути да се избањам и да се облечам и дали ќе можам да се исушам пред бебето да се разбуди и расплаче.
Не. Сонувам за вистинско, потребното, неограниченото време за капење, кога можам да стојам под туш, додека меѓу моите прсти ќе пораснат жабји ципи, а на грбот ќе ми се појават жабри. Капење што ќе трае толку многу што сите ќе се прашуваат "да не потона?” Да се бањам, додека сите шишиња и шишенца во бањата се испразнат. Да седам толку долго што од акумулираната пареа ќе немам потреба од сауна. Да можам потоа без брзање да се наместам, исушам, облечам. Е така сакам да се избањам.
Се разбира, има опција да се избањам кога дома има други луѓе кои ќе го чуваат бебето во тоа време, но проблемот е што имам и уште еден куп работи кои исто сакам да ги завршам без да го држам бебето во раце.
Но, токму откако ќе се намокрам, природно, го слушам нејзиното жално завивање однадвор. За жал ми се паднало бебе кое исто како мајка си спие суперлесно и се буди дури од мисла за бучава, или ако ме нема во собата. Прво се буди, разгледува се и ако не ме види, се нажалува и почнува да плаче на висок глас, Лази низ куќата и ме бара. Потоа, ако открие каде сум се затворила без неа (на пример, бањата или тоалетот), застанува пред вратата и започнува да тажи, ронејќи солзи, бидејќи се уште не може да замисли дека некој би можел да сака да оди некаде сам без неа...
Се принудувам да ја отворам вратата, за да ме види и да се смири, дека не сум исчезнала и зборувам смирено или нежно со повишен тон, за да ја спречам да влези внатре. Мразам да се капам на отворена врата. Сепак немам избор. Опциите се или тоа, или излез од бањата веднаш, бидејќи варијантата, во кој јас се капам зад затворена врата, додека бебето плаче хистерично однадвор, не доаѓа во предвид. Успевам да се искапам донекаде, но ем ми е ладно, ем не смеам да постигнам да ја измијам косата, бидејќи нема да можам да ја слушам. Конечно се предавам тотално. Полнам кофа со топла вода, го соблекувам бебето и го ставам внатре, за да можам барем да се избањам во релативен мир. Таа е задоволна, јас - не премногу, но ме прашува ли некој?
Се бањам, двете се завиткуваме во крпи, го носам бебето во спалната соба, каде што за благодарност веднаш ми се мочка на креветот.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?