|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Трите чуда со кои Бог ја благослови жената III дел

Анастазија Терзијева, Јога сојуз на Македонија, 6.11.2010
Јога за бремени жени

image
/31


 

 

ТРЕТ ДЕЛ

 

Секој реагира позитивно кога ќе види трудница, но не е доволно само другите да ве доживуваат така, треба вие да се чувствувате така од внатре и да уживате во секој момент од бременоста.

На часовите по јога за бремени се изучуваат:

- техники на релаксација со кои целосно се ослобопдува заморот,тензијата и напнатоста од телото и умот.

- техники на дишење или пранајама со кои се зголемува дишниот капацитет и протокот на кослород кои е неопходен за правилниот развој на вашето бебе.(запомнете сега дошете за двајца).

- вежби за телото или асани, кои го враќаат тонусот во мускулатурата, нивната еластичност и цврстина ,се враќа чуството на подвижност и леснотија во телото.

- техники на концентрација и медитација со кои го откривате и облагородувате својот внатрешен свет ( не заборавајте тој свет е единствениот кој го поима вашето бебе , затоа сте должни да се грижите за него)

Курсот за бремени е прилагоден за потребите на бремените, не само практичниот дел туку и темите на разговор кој имаат за цел да ни отворат нови хоризонти и простор за повеќе размислување.

Сето ова и помага на бремената жена во нејзината едукација со која подготвено ќе го дочека завршниот чин ,чинот на раѓањето кој може да биде онаков каков што го посакувате. 

Кога зборуваме за часовите по јога за бремени, тука не станува збор само за телесните вежби, нежните движења и растегнувања кои веројатно може да ги научите и на друго место. Јога како дисциплина секогаш дава повеќе, телото е само преодната нишка кон нашата суштина, телото е инструментот со кој на индиректен начин контактираме со умот кој го скротуваме да стане нашиот пријател и сојузник и тогаш стануваме посилни, самоуверени, полни со елан и позитивност. Едноставно кога ќе го пронајдеме  нашето внатрешно скриено богатство, тоа почнува да зрачи и сјае и надвор од телесните граници.

Кога зборуваме за внатрешниот сјај и зрачењето ќе се сложите дека секоја жена во текот на бременоста го доживува тоа сосем природно, таа убавина едноставно излегува од неа. Затоа се вели дека бремената жена е благословена од Бога, таа е неговата продолжена рака и заедно учествуваат во креирањето на новиот живот. Но создавањето на новиот живот покрај убавината носи и одговорност, но и многу неизвесност, прашања и дилеми. За сето ова да се надмине и овие девет месеци да не ја изгубат својата магија, би ви советувала бременоста да ја зачините со јога.

За повеќето кои ја искусиле јогата таа станала начин на живот, дефиниција за убавото, секојдневна потреба.

Ако ова е правило за секого, посебно е важно за бремените жени, и мислам дека не можете да одберете попогоден момент од овој за вашата животна средба со јогата, која всушнст ве води кон средба со себеси и вашето бебе. Покажете му бебето уште пред да се роди дека животот е убав. Кога заедно практикувате јога ја подобрувате  и вашата карма и кармата на бебето.

Секој реагира позитивно кога ќе види трудница, но не е доволно само другите да ве доживуваат така, треба вие да се чувствувате така од внатре и да уживате во секој момент од бременоста, да ви е убаво во сопствената кожа и дозволете чудата на природата или Бога да се обистинат.

 

 

Пишува: Анастасија Терзијева Илиева, инструктор по јога

Јога-сојуз на Македонија, www.yoga.org.mk


фото: Александра Адамовска Митковска

Јога-друштво Битола

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тори Спелинг е бремена со четврто
Поранешната ѕвезда на Беверли Хилс 90210, која е во брак со Dean McDermott ги објави среќните вести на нејзиниот профил ...
4
Исхрана во бременост
Здравата исхрана е многу значаен дел од бременоста. Доколку во бременоста се храните здраво, и вашето дете во стомакот ...
3
Зошто бремените жени треба да практикуваат...
Неколку причини зошто јогата е одлична за бремени жени...
3
Тајниот живот на нероденото бебе
Знаете ли што прави бебето додека расте и се развива во вашата утроба?
3




Анкета

Ime
AnMari

Koe e najubavo ime?

Stefani (20%)

Ana Marija (20%)

Hristina (0%)

Melani (20%)

Mila (20%)

Jana (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!