|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Типови на луѓе кои ќе ги мразите по породувањето

Редакција Рингераја, 21.4.2023
Помните ли кога бевте во третиот триместар и сите ваши блиски пријатели и роднини почнуваат да зборуваат за тоа како ќе ви помагаат откако ќе се роди бебето? Каде се сега?!
Клучни зборови:

image
Мајка и новороденче
/11


Помагачи кои нема да помагаат. Помните ли кога бевте во третиот триместар и сите ваши блиски пријатели и роднини почнуваат да зборуваат за тоа како ќе ви помагаат откако ќе се роди бебето? Но, она што не ви го кажаа е дека тоа помагање всушност значи висење над бебето, додека вие уморно се влечкате низ куќата, работејќи го она што тие ветуваа дека ќе го работат? Не е ли тоа помош? Сега веќе не мора да се грижите за тоа кој ќе го чува бебето, додека е во добро расположение. Тие ќе го направат тоа за вас. Не се грижете! Ќе му го завртат грбот на бебето кога ќе почне да плаче.

 

Посетители кои мислат дека ќе дојдени на одмор. Овие се присестри на помагачите кои не помагаат. Тие живеат далеку, не можат да дочекаат да го видат вашето бебе, па ќе дојдат и ќе поседат подолго. Исто така очекуваат појадок, ручек и вечера, во моментите кога ниту вие не можете да јадете. Не можат да ве разберат кога ќе ги замолите да ги спрострат алиштата од бебето. Па мајко му, тие дојдоа кај вас на одмор.

 

Пријатели кои се појавуваат доцна.  “Ќе дојдеме околу 12 часот и ќе донесеме ручек”, ќе ви најават претходната вечер. “Тоа звучи одлично”, се радувате вие. Не готвите ништо и ги очекувате. Вечерта околу 11 часот, кога бебето ќе заспие, вие размислувате “Не, нема да спијам, ќе дојдат за брзо.”  И тогаш, кога часовникот ќе чукне полноќ, вашиот бес ќе порасне толку, што долго нема да можете да заспиете. Околу еден часот по полноќ гладни сте до болка и бесни, што почнувате да викате на глас: “КАДЕ СЕ ПРОКЛЕТИТЕ СЕНДВИЧИ?”

 

Личности кои носат торта. На почетокот, нема да ги мразите овие личности. Доењето ве исцрпува и потребни ви се екстра калории. И тогаш, во 3 часот на попладне, откако собравте спиење од 5 часа во последните два дена, ќе се најдете себеси во кујната како со една рака јадете ? од тортата, додека со другата рака го нишате бебето кое вришти.  Веднаш почнува доза на каење – Нема да можете да влезите во вашите фармерки никогаш повеќе.

 

Нестручни луѓе кои пишуваат написи на интернет.  Ова е уште една работа за која мислите дека ја сакате, се додека не ве полуди комплетно.  Кога за прв пат ќе се вратите дома од болница, се е чудно. Целата сте во крв, потечена и со болки. Се' што бебето прави ви е ново и непознато. Тоа диши чудно и ги добива сите видови на осип, кои се тотално нормални. Како и да е, кога ќе почнете да се грижите за тоа што се случува и кога во 4 часот наутро ќе гуглате на својот смартфон, се ќе ви изгледа пострашно, отколку што е. “Како е можно да добив прееклампсија откако се породив?”, “О Боже, моето бебе има и астма и импетиго”. Прогнозите се дека се' е во ред со вас и со бебето, само треба да го оставите смартфонот.

 

Болни луѓе без совест. Тие се појавуваат на вашата врата со растечени носеви и страшна кашлица, велејќи “Бев болна минатата недела, не сум заразна. Ова всушност е проклета алергија.” Пред воопшто да успеете да кажете “Ве молам, измијте ги рацете”, тие веќе го зграпчиле вашето дете и му дишат во лице. Кога вашиот гостин ќе кивне, можете со голо око да ги видите бактериите кои летаат од неговата уста, директно на лицето на бебето. Да се грижите дали вашето бебе ќе се разболи, е една од најлошите грижи на секоја мајка. Исто така, многу лесно може да се случи вие да се разболите и едвај да имате сила да се грижите за бебето.

 

Мајка која мисли дека се' правите погрешно. Тоа може да биде вашата мајка, тетка, пријателка. Не е важно. Тие ги прават работите поинаку...КОРЕКТНО. Зошто и вие не правите така?  А ЗОШТО ВИЕ НЕ СИ ЈА ГЛЕДАТЕ ВАШАТА РАБОТА?!

 

Сопруг кој грчи додека спие. Во текот на првите недели, многу мајки ќе се разбудуваат во текот на ноќта, дури и ако бебето дише неправилно. А татковците пак, од друга страна, ќе спијаат толку длабоко и ќе грчат, дури и ако бебето им вришти над глава. А што би можел да помогне и зошто да се разбудува, кога вие само можете да го смирите бебето? Но сепак, малкуцка го мразите, особено ако следниот ден се жали дека е уморен. Од што? Не ви е јасно.

 

Поштар кој ѕвони двапати. Ако ви се случи да се породите пред празниците, ова ќе ви пречи повеќе од се останато. Ѕвонењето на врата можеби нема да го разбуди вашето малечко, но секогаш доаѓа во погрешно време. Дали конечно седнавте во тоалет на мир? ДИНГ-ДОНГ! Дали конечно влеговте да се истуширате после два дена капење во пот? ДИНГ-ДОНГ! Дали само што ја извадивте градата за да го надоите бебето? ДИНГ-ДОНГ! ОСТАВЕТЕ ГО ПРОКЛЕТИОТ ПАКЕТ И ЗАМИНЕТЕ!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?