|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тие мали очиња мислат дека си совршена

Редакција Рингераја, 29.7.2020
Текстот на Бетани Џејкоб стана хит на социјалните мрежи, бидејќи им разбуди силни емоции на многу родители
Клучни зборови:

image
/11


 

До мајката која се крие во бањата, бидејќи и треба мир само една минута додека солзите се тркалаат по нејзиното лице...

До мајката која е толку уморна што чувствува дека не може да издржи повеќе и би направила сè за да си легне и да го добие одморот што и е потребен...

До мајката која плаче на каучот откако им се развикала на своите деца за нешто незначајно и сега се чувствува виновно и безвредно...

До мајката која седи во автомобилот сама, полнејќи ја устата со храна, бидејќи не сака никој друг да види дека го јаде токму тоа...

До мајката која очајно се обидува да се собере во старите фармерки, бидејќи сè што навистина посакува е да се погледне во огледалото и да се почувствува убаво...

До мајката која не сака да излезе од дома, бидејќи во тој момент животот е претежок за се справи со него...

До мајката која нарачува пица, бидејќи вечерата не излегла онака како што таа посакувала...

До мајката која се чувствува осамено, независно дали се наоѓа сама во соба или е сред толпа луѓе...

Ти си доволна.
Ти си важна.
Ти вредиш.

Ова е само фаза од животот за нас. Ова е навистина, навистина тешка и луда фаза од животот и е полна со предизвици.

На крајот на краиштата, сè ќе вреди. Но, засега е тешко. И е тешко за многу од нас на многу различни начини. Не се осмелуваме секогаш да зборуваме за тоа, но ни е тешко и ти не си сама.

Ти си доволна.
Правиш сè што е во твоја моќ.

Тие мали очиња кои те гледаат – тие мислат дека си совршена. Тие мислат дека си повеќе од доволна.

Тие мали рачиња кои посегаат кон тебе и сакаат да те прегрнат – тие мислат дека си најсилна. Тие мислат дека можеш да го освоиш светот.

Тие мали усти кои ја џвакаат храната што ти им ја даваш – тие мислат дека си најдобра, бидејќи нивните мешиња се полни.

Тие мали срценца кои се стремат да го допрат твоето – тие не сакаат ништо повеќе. Тие само те сакаат тебе.

Бидејќи ти си доволна. Ти си повеќе од доволна, мамо. Ти. Си. Неверојатна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
4
Вака изгледа еден обичен ден кога имате бебе
Оваа мајка направи комичен распоред - како изгледа животот на мајката од утро до вечер
4
Мајчината прегратка го врати бебето во живот
Мајката Kate Ogg родила близнаци, меѓутоа докторот и соопштил дека, за жал, едното бебе е мртво
4
Дали икањето кај бебињата е нормално?
Кога ќе го видиме нашето малечко бебе како се мачи со икање, често се грижиме дали тие контракции можат некако да му наш...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?