|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тие мали очиња мислат дека си совршена

Редакција Рингераја, 2.2.2017
Емотивно писмо од мајка до сите останати мајки
Клучни зборови:

image
/11


 

До мајката која се крие во бањата, бидејќи ? треба мир само една минута додека солзите се тркалаат по нејзиното лице...

До мајката која е толку уморна што чувствува дека не може да издржи повеќе и би направила сè за да си легне и да го добие одморот што ? е потребен...

До мајката која плаче на каучот откако им се развикала на своите деца за нешто незначајно и сега се чувствува виновно и безвредно...

До мајката која седи во автомобилот сама, полнејќи ја устата со храна, бидејќи не сака никој друг да види дека го јаде токму тоа...

До мајката која очајно се обидува да се собере во старите фармерки, бидејќи сè што навистина посакува е да се погледне во огледалото и да се почувствува убаво...

До мајката која не сака да излезе од дома, бидејќи во тој момент животот е претежок за се справи со него...

До мајката која нарачува пица, бидејќи вечерата не излегла онака како што таа посакувала...

До мајката која се чувствува осамено, независно дали се наоѓа сама во соба или е сред толпа луѓе...

Ти си доволна.
Ти си важна.
Ти вредиш.

Ова е само фаза од животот за нас. Ова е навистина, навистина тешка и луда фаза од животот и е полна со предизвици.

На крајот на краиштата, сè ќе вреди. Но, засега е тешко. И е тешко за многу од нас на многу различни начини. Не се осмелуваме секогаш да зборуваме за тоа, но ни е тешко и ти не си сама.

Ти си доволна.
Правиш сè што е во твоја моќ.

Тие мали очиња кои те гледаат – тие мислат дека си совршена. Тие мислат дека си повеќе од доволна.

Тие мали рачиња кои посегаат кон тебе и сакаат да те прегрнат – тие мислат дека си најсилна. Тие мислат дека можеш да го освоиш светот.

Тие мали усти кои ја џвакаат храната што ти им ја даваш – тие мислат дека си најдобра, бидејќи нивните мешиња се полни.

Тие мали срценца кои се стремат да го допрат твоето – тие не сакаат ништо повеќе. Тие само те сакаат тебе.

Бидејќи ти си доволна. Ти си повеќе од доволна, мамо. Ти. Си. Неверојатна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фроддо Советува
Околу 98% луѓе се раѓаат со здрави стaпала, а само 40% од нив имаат здрави стaпала кога ќе пораснат.
3
Ќотекот НЕ е излезен од рајот
Родителите имаат многу улоги во животот на детето. Тие се воспитувачи, доктори, тренери, возачи, учители, медијатори, го...
3
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
3
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
3




Анкета

Ime za moeto bebe
ena@

Ime za moeto bebe?

Darijan (50%)

Aleksej (30%)

Antonij (20%)


Број на сите гласови: 130

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!