|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ти се уште си прекрасна мајка, иако...

Stefanie Wilder-Taylor, 2.11.2021
Модерно родителство: Кога тоа стана толку конкурентна дисциплина? Од кога е секој ден нов предизвик? Дали е тоа бидејќи прочитавте студија во која се вели дека се' до сега правите погрешно? Откако ги видовте двете цртички, нели се' правите погрешно?

image
Мајка
/11


 

Па, ајде да се вратиме чекор назад и да се релаксираме малку. Вие го давате најдоброто од себе! Погледнете се: ја читате оваа статија, нели? Вие сте одлична мајка и покрај тоа што...

 

Немавте природно породување. Не е важно дали сте се породиле во базен со куп фотографи околу вас, дали со царски рез или со епидурална анестезија. Начинот на кој вашето бебе дошло на овој свет, нема врска со тоа каков родител сте. Тоа исто така нема да влијае врз врската која ја имате со бебето.  Јас имав царски рез и моите близнаци поминаа еден месец во одделението за неонатална нега. Тие сега имаат седум години и можам да ве уверам дека сме одлично поврзани меѓусебе.

Се откажавте од доењето (или никогаш не доевте). Можеби се обидовте да доите и тоа болеше до срж, а можеби и не се обидовте да доите воопшто. Или можеби доевте само неколку месеци, но моравте да се вратите на работа и моравте да се измолзувате во канцеларијата, додека бебето плачеше дома. Како и да е. Нема потреба да се чувствувате како лоша мајка. Што и да велат другите, доењето не е показател на доброто родителство.

Не се заљубивте во вашето бебе на прв поглед. Вие сте во болница, со бебето во вашите раце и чувствувате дека целата ваша внатрешност се тресе како желе и притоа размислувате: “Што по ѓаволите ќе правам сега?” Нормално! Или можеби вашето бебе наполни еден месец, а возот преполн љубов не стигнал до својата последна станица. Се уште нормално! Некои мајки не се чувствуваат преполни со љубов за бебето се додека тоа не прооди и не проговори. Ова не е кукла, ова е бебе.

(Доколку сте во депресија и многу сте тажна, кажете му на вашиот лекар. Тоа е нешто посериозно и за тоа постои помош. Но се уште не сте лоша мајка.)

Вашето дете јадеше брза храна (вчера). Поминавте покрај МекДоналдс синоќа кога се враќавте од концерт/театар/кошарка.  Вашите деца беа прегладнети и немавте време да размислувате, ниту да подготвувате вечера. Инфо: Брзата храна можеби не е најздравиот избор, но на вашите деца нема да им порасне уште еден нос бидејќи јадеа хамбургер со помфрит. Фактот што чувствувате вина, докажува дека сте добар родител.

Немате семејни ручеци повеќе од четири пати неделно. Ги прочитав последните студии во кои се вели дека – доколку децата не седнуваат секојдневно на семеен ручек со родителите, ќе станат зависници од дрога или ќе завршат во затвор. Стварно? Значи ако седам со детето на маса, додека тоа јаде во 17,30 часот сум лош родител? Детето мое ќе биде криминалец? Најважно од се е да разговарате со вашето дете секојдневно, да се зафркавате, да се смеете и да поминувате време во разговор и советување.

Им дозволувате на вашите деца да се откажат. Колку активности имаат вашите деца и онака?Зошто им е уште една? Луѓето толку полудуваат и ги тераат децата да ги следат буквално сите активности и курсеви. Но ако вашето дете сака да престане да игра фудбал, вие ќе го спречите во тоа? Зошто би го спречиле? Можеби не сака повеќе да биде идниот Бекам. Оставете го да се откаже! Сега детето ќе има време да ја напише навреме својата домашна, а вие ќе имате повеќе време за Facebook.

Не сте му подариле ништо на своето дете. Знам дека опсипувањето на детето со подароци денес е лвл добра мајка, но дали вашето дете добива подароци или не, нема врска со тоа каков родител сте вие! Не е важно колку книги сте му прочитале на бебето додека е се уште во утробата, колку сликчиња од ехо имате, или колку играчки му купивте на детето пред да се роди. Детето ќе се роди и без тоа. Статистички, само 2-5% од децата добиваат премногу подароци од родителите. Ајде што чекате, дајте му го и вие на детето најубавиот подарок – вашата прегратка!

 

Подобро ти е?

Доооообро ти оди мамичке!

 

Преземено: Scary Mommy

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
6
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
4
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?