|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Те молам Господе, спаси го моето мало ангелче!

Анонимен автор, 3.12.2012
Вистинска приказна од забременување

image
/11


 

 

Животот ни дава можност да бираме дали сакаме да одиме по полеснит пат, или по потешкиот. Тогаш сме ставени во искушение и за некои работи неможеш да бираш туку едноставно оставаш срцето да те води. Така јас го послушав  срцето  и решив дека ќе го задржам моето сакано бебенце кое беше на почетокот од својот живот. Доживеав претешки моменти се поради една снимка што направив, не знаејќи дека сум веќе бремена а кога разбрав доцна беше. Следеа мислења од разни специјалисти, правев по 200км ако беше потребно само за една консултација и се се сведуваше на одлука - моја животна одлука - одлука дали да живее плодот или да се острани заради можни аномалии. Бесони ноќи поминати, безброј солзи исплакани со поддршка од мојот сакан решивме дека го сакаме бебето, нормално со следење на неговата состојба и секако без последици да се помини се. Некој ме подржуваа, повеќето не. Не ми беше битно ничие мислење, сакав само да си го родам детето, сакав сите да ме остават на мир да правам што сакам. Го сакав детето живо, го сакав како мало човече без разлика што беше само мала точка во мојот внатрешен свет. На сите им беше лесно да ми кажат острани го млада си мало е ништо нема, а никој не се стави во моја положба, никој не сакаше да ми биде во кожата ,не ни сакав сакав само мир да имам. Неколку месеци потоа се изненадив од резултатите дека се е во ред со бебушот мој бевме пресреќни, бев горда мајка сакав по втор пат да бидам уште погорда што не го прекинав тој млад живот да расте во мене. Го замислував моментот кога ќе се породам,кога ќе му кажам дека сум среќна што е тука, што со Божја волја и помош не се откажав од него и сеуште така си мислам. И покрај тешка бременост стресна црпев снага и сила да се борам против секоја пречка која ќе застанеше...


И ПАК ПРЕЧКА.

Отидов на следна контрола превозбудена знам се ќе биде во ред си велам и полот ќе го дознам - колку сакам женско, само живо и здраво што сака нека биде си велам. Си мислам кога би ми кажал дека носам женско мислам дека од среќа би се расплакала - ах колку сум будалеста си мислам. Влегуваме со мојот сакан на контрола јас прерасположена - ајде докторе сакам да ми кажиш дека имам женско бидејќи еден принц имам дома - ајде вика и се смее.
ПЛАЧАМ.......не затоа што е женско, зарем ми беше битно после се она што го кажа. И покрај неговото убедување дека може да биде се ок испитувањата се неизбежни за да се дознае се. Моите солзи не престануваа да течат и покрај тоа што носев принцеза тоа веќе ништо не менуваше болката ниту ја зголеми ниту ја намали...

Таа е дел од мене, се уште живее во мамичка, следи долга борба која не знам каков завршеток ќе донесе, не знам како ќе преживеам без неа.
Солзите станаа дел од моето секојдневие ќе ги има се дури не се дознеа судбината на моето ангелче кое секое сабајле ме буди со своите удари. Наместо возбуда и солзи радосници, јас се гушам од тага го галам и си велам-Ангелче на мама,ти тропаш, дали можеби ме прашуваш што ќе биде со твојата судбина, дали мама ќе те гали и следните месеци?

ОХ, ова е претешко! Те молам Господе, спаси го моето мало ангелче, дозволи му да биде дел од светов, да биде дел од нас, толку многу го сакаме. Не дозволувај ништо да му се случи, би умрела со него, не би можела да дозволам да ми го убијат бебето, а не можам да го осудам на живот да се мачи, да ме проколнува и никогаш да не ми прости. Те молам Господе се да испадне во најдобар ред. Те молам овие солзи нека се претворат во солзи радосници, оваа болка и тага нека прераснат во среќа. Те молам мојата среќа да ја доживеам со моето детенце. А ако не биде така, те молам дај ми сила да го ПРЕЖИВЕАМ сето тоа што можеби ме очекува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Дали лежењето после секс помага во забреме...
Дали сте слушнале дека лежењето по сексуалниот однос и ин витро оплодување, може да ви помогне да забремените? Најновото...
3
6 стручни совети за да зачнете машко дете
Се прашувате како да зачнете момче? Ако е така, сигурни сме дека сте заинтересирани да ги знаете различните методи за да...
3
Како да зачнете девојче - девет совети
Дали вашето срце се топи секогаш кога ќе видите мало розово нежно туту? Секако дека да, затоа сте тука – бидејќи се праш...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?