|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Станав мајка. Никој не ми кажа дека...

Jenny Studenroth Gerson, 19.5.2021
Кога бев бремена, сите живи ме предупредуваа на тоа што ме чека. Предупредувањата ме чекаа каде и да се појавев, дури и од непознати луѓе...
Клучни зборови:

image
/11


“Уживај сега во својот сопруг, бидејќи потоа бебето ќе ти го одзема времето и ретко кога ќе имате можност да бидете сами”,  “Купи едноделен костим за капење за следното лето – твоето тело никогаш повеќе нема да биде исто”. Или уште полошо, советот кој го добив од мојата докторка кога и реков  дека се плашам дека никогаш повеќе нема да му бидам секси на својот маж. “Ќе можеш да ослабиш по првото дете, но не сметај на тоа откако ќе го родиш второто. Но, до тогаш ќе бидеш толку уморна, што тоа нема да ти биде важно.”

А мојот фаворит е: “Спиј сега, додека можеш!”, како и “Уживај во тишината, среди ги ноктите и никогаш нема да имаш време да се истушираш”.

Покрај сите тие предупредувања, кои ми создадоа впечаток дека крајот на светот е блиску, заборавија да ме предупредат на она што неизбежно следува.

Заборавија да ме предупредат дека, после предолгите часови со породилни болки, моето срце ќе се стопи, кога за прв пат ќе го видам лицето на своето бебе. Требаше да ми кажат дека солзите радосници навистина постојат и дека не можат да се контролираат. И дека можат да протечат само заради тоа што го држите своето дете во раце. Требаше да ми кажат дека секогаш во мене треба да имам марамчиња.

Требаше да ме предупредат на тоа дека својот сопруг ќе го сакам уште повеќе кога ќе стане татко на моето прекрасно бебе и дека нема да се сеќавам на начинот на кој порано сум го сакала. Дека и понатаму ќе имаме расправии и предизвици, но дека ќе смислуваме нови начини како да се забавуваме заедно, а таа да биде со нас. Дека ќе и смислуваме блесави имиња и дека ќе се смееме до солзи. Дека потајно ќе го слушнам, додека и ги менува пелените како и' зборува “Јас сум тато. Та-то. Првиот збор ќе ти биде та-то”.

Требаше да ме предупредат дека ако јадам здрава храна во нормални количини, на своето бебе ќе му обезбедам доволно калории низ мајчиното млеко. Да ми кажат дека во почетокот нема ни да помислувам на диета. Дека ќе затреперам од среќа кога докторот ќе ми каже дека убаво напредува и дека има нормална тежина за својата возраст. Дека нема да се опседнувам со својата, туку со нејзината тежина. Дека моето тело, само од себе, повторно ќе се врати на старо и дека ќе влезам во старите фармерки во рок од шест недели. И дека маж ми ќе ми вели дека сум секси – многу често и многу уверливо.

Требаше да ме предупредат дека, без оглед на тоа колку сум исцрпена, секогаш ќе бидам орна, бидејќи таа ме чека.  Дека некои денови само ќе седам покрај неа и ќе ја гледам без оглед на своите обврски. Дека нејзиниот плач ќе ме излудува, но и дека ќе се чувствувам како супермен кога ќе ја смирам. Требаше да ми кажат дека ќе спијам. Можеби не секоја вечер и без прекин, но доволно. И дека таа ќе биде мојата целодневна преокупација и најдобра работа која сум ја имала.

Требаше да ми кажат дека апсолутно СЕ ќе се промени кога ќе станам мајка, но и дека никогаш повеќе нема да сакам да се вратам на старо. Требаше да ми кажат дека животот ќе ми стане неспоредливо побогат, поубав и поисполнет и дека секогаш кога ќе се сетам на старата јас ќе помислам: “Кутрата јас, тогаш не го знаев своето дете”.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Адаптирање на детето во градинка
Поаѓањето во градинка е голема промена во животот на секое дете, бидејќи од сигурноста во семејството детето преминува в...
4
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
4
Велигденски колачи - cupcakes
Убаво декорираните и вкусни колачи капкејк ќе ја украсат Вашата Велигденска трпеза. Ви предлагаме неколку начини да ги у...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?