Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дојките во бременоста се менуваат и се подготвуваат за својата улога – лактација. Во бременоста се развиваат и млечните канали и млечните меурчиња, а промените се случуваат и на брадавиците кои стануваат набрекнати и чувствителни. Градите се подготвуваат за доење, кое ќе следи веднаш по породувањето. Понекогаш колострумот се појавува и пред породувањето, но тоа е сосема нормално и може да се случи кај сите жени, независно од големината на градите.
Не е потребна никаква посебна подготовка на градите за доење, во смисла мачкање со разни кремови и масти. Напротив, сето ова може негативно да влијае на ефективноста на работата на Монтгомериевите жлезди и да придонесе кон настанување на проблем при доењето.
Уште на почетокот на бременоста може да се забележи зголемување на Монтгомериевите жлезди – тоа се мали испакнатини кои личат на мозолчиња и кои се наоѓаат на кожата на ареолите. Нивната улога е лачење на материи кои ги подмачкуваат и штитат градите од инфекции.
Што можете да направите за своите гради во бременоста?
Упорност во првите денови
За успешно доење пресудна е квалитетната едукација. Научете ја теоријата на исправна положба за доење – се мисли на две работи: положба на бебето во однос на мајката и прифаќање на дојката од страна на бебето.
По породувањето е добро брадавиците да се намачкаат со колострум и да се остават да се исушат. Здравата ѓена е во можност да го дои своето дете независно од тоа дали има мали или големи гради. Според Светската здравствена организација 99% од мајките можат да го дојат своето дете, само во прашање е колку се упорни да успеат и колку околината се меша во процесот на воспоставување на доење во првите неколку денови по породувањето. Само мал број на жени реално нема да можат да дојат заради некои телесни болести или сосема непредвидени животни ситуации.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?