|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Скриени писма: Македонски “ШВАЛЕРИШТА”

Анонимен автор, 23.1.2015
Од моето скромно искуство, швалериштава обично потекнуваат од редовите на “пријателите” на вашиот сопруг, шефовите и директорите на работа, колегите, таксистите и случајните сопатници во воз или автобус...

image
/11


 

Од  моето скромно искуство, швалериштава обично потекнуваат од редовите на “пријателите” на вашиот сопруг, шефовите и директорите на работа, колегите, таксистите и случајните сопатници во воз или автобус. Напалени се во секој момент од денот, расположени за расфрлање со сељачки удварачки финти, од пред два века.  

Но да почнеме од пријателите на вашиот сопруг, по мене најодвратната категорија на удварачи, која треба под итно да се лансира со топ во некое геј племе во Јужна Африка.

Се започнува еден убав ден, кога вашиот сопруг нема да биде дома, а неговиот пријател “као случајно” не знае, па дошол на кафе. Тогаш почнува со серија веќе познати излитени фрази: “Ммм...кафето е слатко како тебе”, “Не знаев дека си толку убава наутро?”, “Добро што не беше маж ти тука, убаво се изнамуабетивме”.

Истите покажуваат неверојатни криминални и нинџа способности, ако случајно не се сигурни дали маж ви е, или не е дома. Бидејќи знаат каде работи, као случајно поминуваат покрај паркингот на компанијата, за да видат дали возилото му е таму. Ако е денски и ако се гледа – одлично! Нинџа способностите излегуваат на виделина ако е мрак и ако има два-три исти автомобили на паркингот. Тогаш ја ставаат капата од дуксерката на глава и демнат ли демнат, додека чуварот не замине на редовна обиколка. И бидејќи знаат дека има сигурносни камери, не губат време додека чекаат, туку со поглед  ја предвидуваат областа каде камерата не покрива. Откако конечно чуварот ќе замине, се движат по строго зацртаната рута, цик-цак, цик-цак и стигнуваат до автомобилот. Светнуваат со ламбичката од запалката и ја гледаат регистрацијата. Јееееееесссс...на работа е!

Тогаш следи јавување по телефон.
“Извини што ти ѕвонам, но ми се избришале сите контакти, па не го знам бројот од маж ти.”

“ЖИТИ ЛЕБ! А мојот контакт не ти се избришал?!”

“Сама си? А да ставеше кафе?”

Се прашувам  дали на овој свет постојат вистински вредности? Вистински пријателства? Треба ли да се сомневам и во пријателките мои, кои често ми доаѓаат дома? Можеби имаат други скриени цели? Скриени ниски страсти? Животински нагон насочен кон сопругот ми? Глутница настрвена ли сме или хомо сапиенси?

Пријателот бива откачен, а по тоа следи мистериозно оддалечување и ретко дружење со измамениот сопруг, кој не може да се изначуди каде погрешил и зошто до вчерашниот најдобар “пријател” го избегнува. Чувајте ја тајната за себе, бидејќи постои опасност вашиот сопруг да се настрви на неговата сопруга.

Ако случајно шефот/директорот често ве вика кај него во канцеларија на состанок и ви дава вон-разумски задачи и краток рок за извршување на истите, ако често ве подгледнува под око на состаноци, а истовремено безразложно ве критикува, бидете сигурни дека ве пикирал. Вие ќе почнете да се трудите со брзина на светлината да ги исполнувате обврските, да бидете точна и концизна на состаноците, прецизна во исказите, бидејќи нели таква сте и навистина. Тогаш почнуваат лека-полека да следуваат пофалби, па награди, па признанија за вашата работа. И по некоја илјадарка повеќе на платата. Е тогаш сте негова! Тогаш ќе почне да ве гледа директно во очи, да ве задржува сама во неговиот офис подолго од другите колеги, да изигрува АЛФА мажјак и ваш спасител и бидете сигурна дека ќе го опапате ако не го шиканирате навреме. Вам СИГУРНО не ви е дојдено до неговата илјадарка, ниту пак до неговиот окезен сурат, а посебно НЕ  до неговиот исфрустриран животински нагон. Откачете го навреме, со храброст и стил. Ќе изгубите илјадарка, а ќе добиете многу!

Ако случајно колегата почне нагло и без посебно и искрено пријателство градено со години, да ве поддржува на состаноци, да ве брани и прикрива, да ви помага, да презема одговорност за ваши грешки, да ви се јавува и прашува за работи кои веќе ги знае, ако секое утро ве дочекува сварено кафе на биро, бидете сигурна дека сака да ве легне. Истиот ќе почне да покажува неверојатни детективски способности и ќе знае во кое време, во кој дел од компанијата сте. Не се движете низ тесни ходници и не влегувајте сама во темни и тесни простории. Бидете сигурна дека е зад вас и дека ќе ве притисне на ѕид. Нема да зборува многу, директно пушта јазик во вашата уста. Навреме нека крка шамар, оти ако прифатите бакнеж, тој потоа ќе стане ваша сенка која насекаде ве следи, каде да се завртите ќе го гледате само неговото намигнување и надуеност од задоволство  до степен на експлозија. Ако не му плеснете шамар навреме, ќе дојде момент кога ќе треба да го откачите, што и да се случило во меѓувреме. Е тогаш почнува вашата голгота – критикување, понижување, ставање спрепки, исправање криви Дрини на состаноци, бистрење боза, млатење празна слама, докажување на вашата безвредност и неспособност.

Само превентивен шамар му е мајката! И напомнете му дека таму каде што се вади лебот, не се топори ништо друго.

Во категоријата опасни македонски швалеришта спаѓаат и таксистите. Ако седнеш напред веднаш знаат дека “сакаш нешто”.  Ако седнеш назад цело време те гледаат на ретровизор. Задолжително започнуваат разговор за времето, а до каде ќе стасаат зависи колку време ќе му бидете в кола. Не се чудете ако ви кажат дека сакаат повторно да ве видат, ако ви понудат некоја бесплатна тура и ако ви дадат визит карта.

Тука се и сопатниците во автобус. Во прво време ќе разговарате за времето, па за лошата музика која ја пуштил шоферот, па ќе почне да се жали од актуелната власт, па ќе почне да се фали колку куќи и викендици има, дека е полн пари како брод и така натаму и така натаму. Ако навреме не седнете на друго седиште, ќе почне да ви кажува дека изгледате прекрасно за своите години, дека сте паметна девојка/жена со која муабетот му тече како песна и...подместувајќи  се случајно на седиштето, ќе ве фати за нога! Ако сега не станете и не викнете: “Мајстореееее, типов до мене е манијак, кажете му да се премести”, тогаш сигурно во некој тунел ќе ви го закопа јазикот во уста!

Се возите во воз. Од кланкањето ви се приспива. Но швалериштето наспроти вас не ве остава да мигнете. Истите празни муабети како оној во автобусот, труење до бесвест! Сакате да бидете учтиви, да не бидете дрски и безобразни, а тоа се сфаќа погрешно. На првото благо закочување на возот, типот ќе рипне врз вас, КАО инерцијата го турнала. Ви останува да излезете во ходникот и да мрзнете до вашата крајна дестинација. Не го барајте кондуктерот. Тој е поголем манијак од вашиот сопатник.

Ако продолжам понатаму ќе добијам нагон за повраќање. Ако е за фајде, доста е!

Жалам што морам да констатирам, но македонскиве удварачи не се ништо поразлично од конкубините пред Бристол. Од ноќните дами кои го нудат своето тело за пари.

Дајте, сменете ја програмата. Па не сме ние волчици за да ни се фрлате како настрвени волци, како разјарени бикови. Жени сме! Жени кои се освојуваат нежно, полека и со стил. Дајте, сменете ја програмата, изладете се во ладна вода. Дајте некој убав збор, нежен допир и поглед. Така ќе сте поблиску до целта.

 

1


Авторите на скриените писма остануваат непознати за јавноста.

Рингераја.мк гарантира НЕ откривање на нивниот идентитет.


Станете и вие анонимен автор на Рингераја.мк

Испратете e-mail на glaven.urednik@ringeraja.mk

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
12
Идеи за фризури за долга коса
Немате идеја што да правите со Вашата долга коса? Чест проблем на многу жени!
4
Насмевката - ефикасен лек за душата и телото
Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, б...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?