|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Скриени писма: Има мајки и ма(ј)ки

Анонимен автор, 2.3.2021
Велат дека има мајки кои не ги сакаат своите деца. Еххх, како може така, како може мајка да не сака?
Клучни зборови:

image
/11


На овој свет сите не донела мајка. Мајка која не мора да се вика Марија, Весна, Светлана или Џесика. Доволно е да кажеш мајка и знаеш дека е љубов, дека е топлина, дека е дом, дека е мирис на месен леб и меки кифлички. Знаеш дека е мека прегратка, дека е сунѓер кој впива се што ти тежи на душичката. И кога немаш на кого да му кажеш, ти кажи и на мајка ти.

 

Ехххх мајка е тоа.

 

Од постоењето на светот, сега и за навек, секој нов живот на овој свет е донесен од утробата на некоја мајка. 

 

И не е важно од која вера и националност е, мајка е тоа.

 

Нема боја на кожа, не говори на непознат јазик, нема чудни обичаи и не сака различно од твојата мајка.

Кај и да е, на Гренланд или во Јужна Америка, на Филипините или во Кина - прегрнува исто, сака исто, плаче и тагува исто, лекува исто и ти ја гали косата исто. Таа прави најубави јадења, најсилно гушка, најубаво мириса, знаеш дека си дома кога е таа до тебе.

 

Кога си доаѓаш од училиште, те чека топол ручек, кога се враќаш премрзнат од играта на снегот, ти ги зема рацете да ти ги стопли. Го слекува џемперот и те загрнува со него, а низ тебе струи нејзината топлина како сонце да те огреало.

 

Ехххх, мајка е тоа.

 

Некогаш, криејќи се од татко ти ќе ти ја напише домашната, ќе те извади од часови, ќе те прегрне и ќе рече: не бегај друг пат од часови ќерко, а ако бегаш, ела си дома, не скитај по улици. Ќе ти сплети плетенки и ќе ти го купи најубавиот фустан, оти ти си нејзина...мора да си најубава.

 

Еххххх, мајка е тоа.

 

И кога прв пат ќе пробаш алкохол, ќе крие од татко ти кутрата, од страв да не ти вика, да не те удри. Само тивко ќе ти каже - немој синко, немој појќе никогаш жити мене. А кога си болен се стуткала покрај креветот и седи, чека да ти стане подобро, да оздравиш.

 

Еххх, мајка е тоа.

 

И кога ќе пораснеш ќе те слуша додека зборуваш и ќе се гордее какво дете родила. Каков човек на светот донела. И не е лага дека на мајка нејзиното дете е најубаво, најпаметно, нај... Не е лага.

 

Ај ти...

 

Но, има некои чудни луѓе кои за мајките лошо велат.

 

Велат дека има мајки кои не ги сакаат своите деца. Еххх, како може така, како може мајка да не сака?

Може ли една мајка да те отфрли кога плачеш, да те поттурне за да паднеш, да ти зборува однопаку наместо утеха да дава? Може ли да те дочека со намрштено лице, наместо со топол ручек? Може ли наместо да ти го стопли премрзнатото тело со зборови да те смрзне? Да те згмечи како бубашваба на подот, од викање да го допре сводот, по маса со жестина да лупа и низ куќа со нозете да трупа. Може ли од тебе да земе за на друг да даде, штом ќе те види да ти се здаде, додека срцето ти бие таа со навреди оро да вие?

Може ли да е рамнодушна кон детето твое, да не го гледа како свое, да биде кон него ладна, како срцето во бунар да и падна?

Ама ве молам ајде, некој овде лаже? 

 

Кај има такви ма(ј)ки?

 

Зарем и такви земјава ја газат?

 

Јас не верувам таква мајка на светов да гази и мува да не ја лази што ти чемер на душата си стави, за таа победата да ја слави.

 

Ама ве молам ајде...

 

Кај има такви ма(ј)ки?

 

Има ли некој да не просветли, да ни каже?

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
6
Новогодишни кекси (Gingerbread cookies)
Рингераја Ви го открива рецептот за светски познатите Новогодишни кекси Gingerbread cookies
4
Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
4
Катастрофални креации на дизајнерите
Дали е ова доказ дека дури и жените од прва категорија не изгледаат добро во фустаните на високата мода? На годинашното ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?