|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Симболика на црвеното јајце

Редакција Рингераја, 28.4.2021
Бојадисувањето јајца за Велигден датира од длабоката древност. Обредниот карактер на обичајот е поврзан со народната претстава за јајцето како симбол на плодноста, поврзан со цикличноста на природата, со нејзиното повторно раѓање и обновување.

image
/11


 

Традиционално за Велигденските јајца, освен обредите, се поврзува и нивното бојадисување и декорација. Приготвените јајца се од два вида: бојадисани во еден тон, најчесто црвени и јајца со различни бои, најчесто со некој украс на нив.

Бојадисувањето јајца се одвива на Велики четврток и е обврска на жената. Рано наутро уште пред да изгрее сонцето, домаќинките ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца, а подоцна и другите, што претставува најава за блискоста на Велигден.

Во својата традиција црквата го прифатила Велигденското црвено јајце како симбол на Христовото воскресение и има повеќе симболички значења:

  • неговата топчеста форма ја симболизира земјината топка и со тоа го претставува сиот човечки род на неа,
  • како што јајцето ги содржи сите потребни елементи за создавање на живот, односно пиле кое има крв, коски и месо, така и верата ги содржи во себе сите потребни елементи за духовно оживување и заживување на човекот,
  • црвената боја на јајцето значи победа и ја симболизира божјата сила, моќ, но и Христовата крв пролеана на крстот.

 

Црвено јајце – за здравје и среќа 

Една легенда раскажува дека кога Исус бил распнат на крстот неговите непријатели го гаѓале со расипани јајца. Сепак тие, по Божја волја, штом допреле до неговото тело се претворале во здрави, убави, црвени јајца. Во  чест на тоа чудо луѓето почнале да ги вапцуваат јајцата црвени.

Друга легенда говори дека кога Исус бил распнат на крст дошла една кокошка и снесла јајце под него. Течејќи на јајцето, неговата крв го обоила во црвено. Затоа и првото јајце се бојадисува во црвена боја. Со тоа јајце се зацрвенуваат обравчињата на децата и се црта крст на нивното чело за здравје. Тоа јајце се закопува следната година во нивата за да биде годината плодна.

Христијанската традиција за црвеното јајце е поврзана со уште една легенда. Марија Магдалена, која Исус ја исцелил од сите зли духови во неа, била прва која го видела Исус жив, откако воскреснал од мртвите. Таа отишла на светот да му ја објави добрата вест. Стигнала до Рим, во палатата на императорот Тибериј. Според традицијата, секој посетител во палатата требало да носи поклон за императорот.

Богатите луѓе носеле скапи подароци, додека сиромашните носеле она што можеле да си дозволат. Марија Магдалена однесла јајце вои палатата на Императот и му го принесла со следниот поздрав:

“Христот воскресна”

Императорот не можел да поверува во зборовите и одговорил.

“Како може да воскресне? Невозможно е како ова јајце да стане црвено!”

И додека Тибериј говорел, јајцето во раката на Марија Магдалена почнало да ја менува бојата, додека конечно станало жарко црвено. Велигденскиот поздрав оттогаш станал - “Христос воскресна” и сите христијани во светот ги бојадисуваат јајцата во црвена боја и во други бои на виножитото точно заради големиот ден – за да ја прослават вербата во повторното раѓање.

Останатите јајца се бојадисуваат во различни бои и се цртаат. Сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата – крстот, a зелената – Христовите ученици.

 

 

Прочитајте уште:

 Бојадисување на јајцата со природни бои

 Совети за спречување на пукање на јајцата

Необични светлечки Велигденски јајца

Магичен Велигден


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мравка и гулаб
Детско катче
4
Детето ѕвездалија
Македонски волшебни приказни
3
Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?