|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што се` можат да направат мајките во 24 часа?

Kristina Kos, 25.6.2015
Дали знаевте дека мајките можат да ја испружат раката до другиот крај на креветот, за да ја дофатат цуцлата лажалка без да го помрднат своето тело бидејќи бебето спие на него? Можат и да кивнат без да произведат никаков звук. Да!
Клучни зборови:

image
/11


 

Во милиметри го знаат секој дел од паркетот кој крцка, а звукот на крцкање го слушат и од другиот стан. Во случај некој друг да се разбуди додека бебето спие, точно знаат тој некој во кој дел од станот се наоѓа и во состојба се да му скокнат на врат, ако бебето се разбуди.

Мајките можат да се спакуваат себе и бебето за во град во рок од 15 минути (со една рака, бидејќи во другата е бебето) и притоа да изгледаат убаво како Sarah Jessica Parker во casual издание во Сексот и градот.

 

Пакување пред прошетка

Под пакување подразбирам – миење заби, камуфлирање на мрсна коса, ставање основна шминка со детето кое ве влече за панталони, растегнува тоалетна хартија низ цело WC, паѓа, вади гаќи и чорапи од корпата за веш. Потоа следува менување пелена на бебето и пресоблекување, па пакување на торбата  во која се става – вода во термос, млеко во прав, кашичка, лажиче, лигавче, влажни марамчиња, пелени, газа, резервна облека, шеширче, млеко за сунчање и вода за пиење. Потоа се пакува торбата на мама во која се ставаат наочари, клучеви, мобилен телефон, пари и сето тоа со детето во раце.

Кога конечно ќе излезат од станот, мајките задолжително проверуваат дали се облекле, дали имаат маскара на двете очи и случајно да не излегле во пижами. По пет минути констатираат дека ја заборавиле цуцлата лажалка, а сопрузите обично негодуваат – Мора да заборавиш нешто!

 

Дали знаевте дека мајките можат нормално да функционираат  после неколку непроспиени ноќи (со мала помош на благословениот кофеин), да го суредат цел стан во рок од половина час кога беберто спие (и така 25 пати на ден). Кога бебето ќе се разбуди можат да пејат Old Mc'Donalds, да плескаат во рацете и да прават ретардирани фаци и најглупави можни движења кои можете да ги замислите, бидејќи бебињата на тоа умираат од смеа. Во исто време си додаваат со топка, танцуваат заедно со бебето, гоп учат бебето каде му се очите, носот и ушите, како се плеска браво, браво и слично.

Во меѓувреме стигнуваат по неколку пари на ден да го послужат мажот, бабите, дедовците, тетките, пријателките и останатата родбина.

 

Готвење ручек со бебето

Мајките исто така можат да почувствуваат кога е бебето гладно, кога ќе се разбуди, кога ќе кака, кога му се гали. Тоа дека мајките имаат чувство за своите бебиња го знаат и врапчињата на гранчињата и тоа никој никогаш не го припишал во супер моќи. Мајките имаат шесто сетило и тоа е така.

Кога бебето е при добра волја или ако малку повеќе спие, тие ќе стигнат да направат ручек и за бебето и за возрасните.

Под готвење со бебето подразбирам – сечење на кромидот на пола, па давање на бебето сликовница, лупење компири во повеќе наврати, па доење на бебето, сечење на месото, па барање на ЦД-то со цртани филмови и пуштање на ДВД, обарување на кромидот и менување пелена на бебето... Кога таткото ќе дојде дома обично ќе каже – а немаше да биде подобро да направиш и супа со кнедли?

 

И, на крајот на денот косата ни е разбушавена, газиме по играчките, не знаеме каде ни е главата, но имаме сјај во очите и насмевка на лицето.

Бидејќи иако имаме милион обврски и трилион кои сме ги оставиле за утре, времето никогаш не било поквалитетно поминато.  Бидејќи децата колку што ни одземаат енергија, ни даваат уште три пати по толку.

Бидејќи, како што запиша Паоло Коелјо, секое дете може да не научи на три работи:

  1. Да бидеме задоволни без причина
  2. Секогаш да имаме занимација
  3. Да ги употребиме сите средства за да го добиеме тоа што го сакаме

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
4
Јазикот зборува за здравјето
Дали имате навика додека ги миете забите во огледалото да го погледнете јазикот? Тоа е многу едноставен, но и корисен на...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?