|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што кога ќе се роди дете од љубовна афера?

MJ Angel, 3.4.2014
Неверствата се можеби најтешките прекршоци, кои скоро секогаш оставаат последици врз партнерскиот однос во брачната заедница. Но што кога од ваквите љубовни афери ќе се роди дете? Како да го прифатите невиниот плод на неверството?

image
/11


 

Сопругот на Catriona, социјален работник и мајка на три деца, имал тригодишна врска со жена, по 10 години од нивниот брак. Нејзината приказна е пример за храброст и издржливост, пример за јачината на едно скршено срце, пример за ранета жена која им помогнала на стотици луѓе.

Сопругот на Catriona често патувал. Тој имал тригодишна љубовна врска. Во моментот кога сакал да раскине со неа, таа му соопштила дека е бремена. За кратко време добил работа во друга држава, каде се преселил заедно со семејството.

Шест месеци по преселувањето, сопругот на Catriona решил да престане да се гледа со бремената љубовница во тајност и ја поканил да доаѓа во нивната семејна куќа.

“Таа доаѓаше во нашата куќа неколку пати неделно, јадеше од храната која ја готвев и ми го оставаше детето да го чувам кога имаше работа”, се сеќава Catriona.

“Му реков дека не ја сакам. Почнав да забележувам дека мојот сопруг и се допаѓа, но тој инсистираше да биде добредојдена во нашата куќа, раскажувајќи ми ја горчливата приказна за нејзината осаменост.”

Но, планот на сопругот на Catriona за спојување на двата негови света пропадна, кога притисокот од Catriona беше неиздржлив и тој реши се' да обелодени. Catriona ја дозна вистината кога детето – плод на љубовната афера наполни две години.

“Смирено ми соопшти дека има нешто да ми каже и ја фрли бомбата која го уништи мојот свет – Имав афера со X и Y е мој син.” Мојот мозок започна да ја процесира информацијата, но моето тело веќе реагираше: грабнав книга и ја фрлив во дневната соба и врескав Неееееееее....”, раскажува Catriona.

Во следните шест години Catriona ја обновила својата врска со сопругот и нивниот брак е подобар од било кога. Catriona го отвори својот дом и семејството за детето. “Ова не би се случило без константните напoри на мојот сопруг за обнова на нашиот однос, во првите две години, кој ветуваше и се колнеше дека ќе направи се' што треба за да ја исправи својата грешка”, раскажува Catriona.

Со скоро 20-годишно искуство како социјален работник, Catriona оснивала сервис за утеха и советување на паровите, од чии вонбрачни афери е родено дете.

Додека на штетата од аферата и требаат години за некако да се поправи, детето родено во аферата е трајно потсетување за истата.

‘’Постои едно мало невино суштество, кое ги има истите права да се чувствува безбедно, сакано и сигурно, во светот на кој е донесено”, вели Catriona.

Кога еднаш ќе се потврди дека вашиот сопруг има дека од својата љубовна афера, треба да балансирате меѓу правата, потребите и чувствата на детето, скршената врска и вашите чувства кои се под висок напон. Catriona ви нуди неколку решенија за тоа како да започнете со обновување на врската.

 

Работете на вашиот однос

Ова е најважно. Како вашата врска се зајакнува, ќе се зголеми вашата способност за работа како тим, во задоволување на потребите и почитување на правата на детето. Запомнете дека е потребно време и дека брзи решенија не постојат.

 

Поставете јасни граници

Границите го чуваат бракот. Сите релации со жената од љубовната афера мора да престанат. Секоја комуникација со мајката на детето мора да биде транспарентна, со јасни цели и планирана. На пример, преку SMS или e-mail. Брачните партнери мора заедно да комуницираат со жената.

 

Знајте ги вашите права

Побарајте во законот за правата на вонбрачните деца и добро научете ги вашите и обврските на сопругот.

 

Што е со вашите деца?

Родителите мора да имаат заеднички став и да им ја соопштат на своите деца вистината, на начин прилагоден на нивната возраст. Децата треба да се чувствуваат слободни да разговараат за тоа, да им се одговара точно на прашањата и да им се нагласи дека ова НЕ ТРЕБА да го кријат од своите другари.

 

Побарајте професионална помош

Многу луѓе кои се нашле во валва ситуација страдаат во тишина и срам. Ако не можете да им кажете на семејството и пријателите, побарајте професионална помош.

 

*Целоцните имиња во оваа приказна не се објавени, за да се заштити идентитетот на малолетните лица кои се вклучени во приказната.

 

Преземено: Essential baby

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како технологијата влијае на детската имаг...
Несомнено е дека технологијата е секојдневен дел од нашите животи и времето кое гоминуваме со личните технолошки уреди н...
5
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Губење на здивот (зајдување) кај децата
Губење на здивот е кога детето ќе остане без здив се додека ја изгуби свеста. Се случува кај едно од 20 деца
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?