|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што им прават медиумите на нашите деца?

Jasmina Jovanovic, 3.11.2014
Мамо, кога јас ќе имам фустан како онаа тетка?!
Клучни зборови:

image
/11


 

Постои една анегдота која се прераскажува меѓу професорите од средните училишта. Имено, една професорка по физика му посакала добредојде на својот клас во новото училиште. Зборувала за значењето на образованието и нагласила дека можеби меѓу децата има некое кое може да го достигне успехот на Никола Тесла или Марија Кири. По оваа реченица децата од класот почнале гласно да се смеат. Професорката ги прашала зошто и кому се смеат. Едно дете станало и тетеравејќи се од смеа добронамерно рекло: ”Професорке, не се изговара Марија Кири, туку Мараја Кери”.

Не знам за другите родители, но јас се препалувам кога ги гледам разните цртани филмови кои им се сервираат на нашите деца. Ако се во прашање негативци обавезно се со рогови, со опашки, со големи заби, со црвени очи, лицата им потсетуваат на змии, на ламји и чудовишта. Ако се позитивни ликови, тогаш тоа повторно е некоја крајност – супер шпиунки, тајни агенти, заносни девојки со напрчени усни и кратки фустани кои вадат митралез ид нигде никаде, од шнолата прават јаже со кое се качуваат на зграда, а нивните штикли ги вивнуваат во небото како млазен авион. Никаде ни трага од обични момчиња и девојчиња кои играат секојдневни игри, чие детство е убаво и возбудливо, бидејќи е детство. Никаков Чарли Браун и Сара Кеј, се некои Винксици и Спајсици.

 

Да се ограничи, да се забрани, да се дозира

Во мојата лична борба против телевизијата прв чекор беше да се ограничи, да се забрани, да се дозира. Веднаш потоа следеше бришење на каналот Cartoon Network и уште некои фламинго-розе канали. Овие розе канали исчезнаа од нашиот телевизор кога мојата тогаш тригодишна ќерка, посака да има фустан како една разголема тетка “Мамо, сакам да  бидам како онаа тетка кога ќе пораснам.” Останав шокирана и со отворена уста во следните неколку минути. Не ми е прв пат да видам такво нешто, но за прв пат сфаќам дека таквите жени се потенцијален лош пример за моето девојче и за другите девојчиња.

 

А кога ќе имам фустан како онаа тетка?

Прво што гледам е огромно, непристојно изразено деколте, златен фустан, не само тесен, туку и неколку броеви помал, па уште и краток. Не знам дали ова воопшто може да се вброи во фустани. Затекната, гледам понатаму – таа лежи на рацете на многу мажи, тие  ја допираат, голи до појасот и ја носат на раце. Теодора заблудана гледа: “Сакам и онакви сандалки”! Јас дури тогаш се будам од состојба на шок и го гаснам телевизорот. Следеше прашањето: “А кога јас ќе имам фустан како онаа тетка?” Бесна на сите тие сиромашно облечени тетки кој божем пејат, а всушност изведуваат стриптиз, смислувам изговор. Не можам да верувам дека го велам ова, но во мое време беше поинаку. Музиката беше музика, а еротиката еротика. Ништо, нема друго, мора да одговорам: “Се надевам дека таков фустан нема никогаш да носиш, бидејќи е многу непристоен. Но секако, кога ќе пораснеш ќе можиш да носиш се што ќе посакаш. Види, за жената да биде убава не мора да и се гледаат бутовите и градите. Всушност, дали би сакала мама да те носи вака облечена во градинка? Мислам дека сите би ни се смееле.”

 

1

 

Изгледа ова ми успеа. Теодора се намурти и за неколку секунди ми одговори: “Не би сакала”. Понекогаш се чувствувам сосема немоќно во ситуации кога на моите ќерки треба да им објаснувам работи кои не ги разбирам ни сама, кои се сјајни и блескави, привлечни, а забранети.

 

Воспитување скришно

Во векот на пореметен систем на вредности, најтешко е воспитувањето на децата. Нашите деца следат трендови, сакаат нови телефони, mp4 плеери, а ранецот колку и да е квалитетен и зачуван, се носи само една година, бидејќи следната повеќе не е во мода. Тетратките мораат да бидат укоричени, а девојчињата во петто одделение веќе го покажуваат папокот, во седмо одделение имаат надградба на ноктите, извлечени прамени и фарбана коса. На своите деца постојано им повторувам едно исто: “Сите деца се убави. Убави се и без украсите на главите, без модни детали и секако без шминка” и засега моите деца ми веруваат. Засега...

Душко Радовиќ бил во право кога рекол: “Децата не поднесуваат воспитување. Морате да криете од децата дека ги воспитувате. Ако на крајот забележат дека се измамени и воспитани – ќе им биде криво, но тогаш е веќе доцна.”

Се прашувам колку мудри и истрајни треба да бидеме за да успееме. За сите родителски приказни и напори кои ги вложуваме во воспитување и всадување на вистински вредности да не ни ги сруши интернетот, телевизијата, модните креатори, розе телевизијата и жолтиот печат. Кога и од музичките канали демне опасност, што да очекуваме кога детето ќе го пуштиме на улица, на училиште или на екскурзија. Секој од нас помислува: “Моето дете не би направило такво нешто” – по принципот не што е мое, но најдобро е. Но, имајте го на ум и она што Душко Радовиќ ни го остави во аманет: “Татко му пука од здравје, елеганција и успех. Мајка му е исто така прекрасна, прогресивна и активна. Него не му беше тешко да стане наркоман...”

 

Извор: Detinjarije

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
15
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
9
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?