|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да очекувате додека очекувате бебе?

Редакција Рингераја, 15.4.2013
Со бременоста заедно одат необичните соништа и зголемената пигментација, носот Ви е затнат, видот замаглен, нозете отечени, а оргазмите повеќекратни...Од чудно до чудесно, бременоста е искуство кое се чувствува од глава до петици

image
/11


 

 

Трудниците повеќе сонуваат

Жените повеќе сонуваат  додека се бремени, отколку во било кој друг период од животот. Причината делумно се крие  во нашиот мозок кој ги обработува промените низ кои поминуваат трудниците, а делумно и во тоа што првите две тромесечија ги поминуваме во спиење.

Трудниците најчесто сонуваат дека возат гломазна кола (заради тоа што се се покрупни) и дека водат љубов. Соновите за секс не се условен од психолошки, туку од физиолошки причини: повеќе крв тече низ карлицата, па жената полесно се возбудува сексуално.

 

Денови на убавата коса

Веројатно знаете дека косата ќе Ви опаѓа по породувањето, но затоа во бременоста ќе Ви расте побрзо и ќе биде посјајна од обично. За жал ситуацијата се враќа на старо кога ќе дојде бебето, но сепак ситуацијата не е толку драматична. Освен тоа, ќе бидете толку зафатени што нема ниту да забележите дека Ви опаѓа малку повеќе коса.

 

Заматен вид

Задржувањето на течности во организмот доведува до отекување на рожницата. Заради тоа таа станува помалку провидна и може да се случи да видите ореол околу изворот на светлина или светлите точки во ноќта да Ви изгледаат заматено. Тоа ќе Ви прави проблем и додека седите на компјутер, па заради тоа почесто трепкајте, за да ја надминете сувоста на очите.

 

Затнат нос

Има трудници на кои девет месеци носот им е затнат. Тоа се случува од причина што крвните садови во телото се шират, а кога тоа ќе се случи во носната шуплина, имате чувство на затнат нос.  Причина е зголеменото лачење на естроген, но за жал вообичаенот лечење на ринитис со спреј во нос, не се препорачува во текот на бременоста.  Инхалирањето за време на туширање или капењето во топла вода ги ублажува симптомите.

 

 

Зголемено чувство на мирис

Во суштина, трудниците немаат  зголемено чувство за  мирис, но некои мириси  повеќе им пречат. Не само што веднаш ќе откриете расипано млеко по мирисот и што ќе Ви пречи чадот од цигарите, туку и возењето со градски превоз ќе Ви претставува проблем.  Се препорачува секогаш во уста да имате мастика или бомбона од пеперминт, па мирисот кој од грлото доаѓа во носот, ќе ги надвладее надворешните мириси.

 

Повеќекратни оргазми

Многу жени доживуваат повеќекратен оргазам дури во бременоста. Не може да се каже дека трудниците се претвораат во сексуални манијаци, но многу од нив откриваат дека хормоналните промени, заедно со зголемениот проток на крв во карлицата, условуваат зголемена желба и подобар секс. Освен тоа  некои жени, заради зголемената осетливост на градите, за прв пат ги чувствуваат дојките како вистински ерогени зони.

 

Грчеви во нозете

Грчевите во нозете најчесто се јавуваат ноќе и тоа во третиот триместар од бременоста. Причината е што мускулите се изложени на зголемен притисок заради зголемената тежина на трудницата. Некои научници тврдат дека грчевите настануваат затоа што бебето го троши калциумот од мајката, а тој ја регулира контракцијата на мускулите. Затоа секојдневно на трпезата нека Ви бидат млекото, млечните производи  и темно зелениот зеленчук. Може да Ви помогне и ако ги истегнете мускулите пред да си легнете.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Очекуваат свои и близнаци од сурогат мајка
Брачен пар, кој се обидувал да добие бебе цела деценија, сега очекува четири бебиња, бидејќи и мајката и сурогат мајката...
4
Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?