|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Секундарен стерилитет

Emma Hrimsley, Ivana Sucic, 28.4.2011
Првата бременост веројатно успешно ја испланиравте, но свесни ли сте дека денес многу жени страдаат од секундарен стерилитет?

image
/11


 

“Работиме на второ дете последните петнаесет месеци. Сеуште не сум забременила и се плашам дека тоа нема да се случи”, ни откри Сара, мајка на тригодишната Леда. “Разликата меѓу мене и мојот брат е петнаесет месеци. Многу сме блиски, па затоа цело време планирав слична разлика во години меѓу моите деца. Но сега очигледно ќе морам да се соочам со фактот дека Леда можеби нема да има братче или сестриче. Не сакам да одам на вонтелесно оплодување, но гледам дека вака нема да успеам. ”

Сара не е една од ретките жени кои не успеваат да забременат по втор пат. Секундарната неплодност – медицински термин кој се користи за жени кои не можат да забременат иако родиле едно дете – е во постојан пораст. Спрема британското истражување, од 2001. до 2005. бројот на семејства со едно дете во Обединетото кралство, се зголемил за 300.000. Кај некои семејства тоа е промислена одлука, најмногу заради финансиски проблеми, или животен стил, но кај многу од нив тоа е последица на секундарен стерилитет и погрешна претпоставка дека успехот при првото забременување гарантира успех и за втора бременост.

 

Години

Додека поголемиот број од мајките ќе забременат по втор пат без поголеми потешкотии, лекарите веруваат дека секоја петта жена се бори со секундарен стерилитет. Зошто се случува тоа?

Стручњаците тврдат дека годините се еден од најголемите причинители. Голем број жени ја одложуваат првата бременост за доцните дваесетти, или раните триесетти години. Околу 15% од жените го раѓаат првото дете со навршени 35 години. Половина од тие жени забременуваат без потешкотии, што често создава погрешно чувство на сигурност, бидејќи две до три години подоцна ќе се покаже дека вториот пат не е толку едноставно, со оглед дека нивната плодност е на значително пониско ниво. Во просек е скоро двапати потешко да се забремени по 35. година од животот. Квантитетот и квалитетот на јајце клетките, како и квалитетот на сперматозоидите, опаѓа со годините. Згора на тоа кај жените со навршени 30 години често се јавуваат разни состојби кои влијаат на плодноста: ендометриоза и прерана менопауза.

 

Стресот наречен родителство

Освен годините, стресот кој доаѓа со родителството, во комбинација со исцрпувачкиот начин на живот, исто така е еден од факторите кој не смее да се занемари – заморот, притисокот на работа и фактот дека сексот е редок кај мајките кои имаат мали деца, посебно ако спијат заедно со детето во креветот, придонесува за неуспех во обидот за забременување. Тука се вбројуваат и мајките кои тукушто престанале да дојат па имаат нередовен менструален циклус, а многу од нив немаат време за урамнотежена и правилна исхрана. И кога сето тоа ќе се собере – втората бременост се помалку се наѕира.

Токму тоа и се случи и на Маринела, мајка на осумгодишната Нина и едногодишниот Лука.

“Со Нина забременив при првиот обид, па претпоставив дека и вториот пат ќе биде така едноставно”, ни се довери Маринела. “Впрочем не планирав да има голема разлика во годините меѓу моите деца, но со време почнав да ја одложувам втората бременост заради ситуацијата на работа. И кога конечно се одлучивме за второ дете, јас не можев да забременам”

Маринела смета дека стресот и нездравиот начин на исхрана се причинители за овој неуспех.

“Откако ја родив Нина почнав со сопствен бизнис – фотограф на венчавки. Работев од утро до мрак, ставав нешто во уста само да не се онесвестам од глад и тоа скоро никогаш не беше здрава храна”, ни објасни. “По шест месеци обидување и понатаму не се случуваше ништо.”

На Маринела со лекови и ја стимулирале работата на јајниците, но без успех. Во една од клиниките за плодност и советувале да воведе режим на здрава исхрана во секојдневниот живот и повеќе да се одмара. “Почнав да одам на акупунктура за полесно да се опуштам, а потоа разговаравме за соочување со секундарниот стерилитет. Пет недели подоцна – забременив!”

Стручњаците веруваат дека анксиозноста предизвикана од стресниот начин на живот, е најголем виновник за пораст на секундарната неплодност. Во актуелната ситуација, кога составниот дел на животот се врти околу гола егзистенција, мајките се под голем притисок бидејќи воопшто не се сигурни дали ќе можат да си дозволат да родат уште едно дете.

 

Медицински проблеми

Секако, не се сите проблеми поврзани со годините и начинот на живот. Понекогаш проблемот е од медицинска природа, или како последица на првата бременост. Анемија, постпородилна инфекција, па дури и пореметување на хормонот на штитната жлезда, се чести но и излечиви состојби, кои влијаат на способноста за забременување. Првата причина за секундарен стерилитет е синдромот на полицистични јајници кој ја спречува овулацијата. Многу од жените успеале да забременат бидејќи биле послаби првиот пат, но ако не успеале да ги симнат прекумерните килограми по породувањето, синдромот на полицистични јајници станува уште потежок и ја оневозможува втората бременост.

Резултатите од истражувањата кои се спроведени во 2002. година покажале дека на секундарната неплодност влијае и царскиот рез- во случај материцата да била изложена на постоперативна инфекција.

И покрај тоа што некои од овие проблеми не можете да ги спречите, она што можете да го направите не е тешко: бидете проактивни – ако сте малку постара мајка и не успевате да забремените, не чекајте повеќе од шест месеци за да побарате помош.

 

Како да се избегне секундарниот стерилитет?

  • Јадете здраво – Водете сметка во исхраната да имате многу протеини, железо и цинк.
  • Престанете со пушењето – Двајцата партнери мораат да се откажат од пушењето, бидејќи дури и пасивното пушење влијае на плодноста.
  • Опуштете се – Жените кај кои е зголемено нивото на кортизол (хормонот на стрес), не овулираат. затоа правете се што Ве опушта: вежбајте, трчајте, шетајте, најдете некој за разговор...
  • Внимавајте на својата тежина – Индекс на телесната маса поголем од 30 може да ја намали можноста за забременување на половина.
  • Сексајте се – Да, тоа се подразбира, но фактот дека веќе имате едно дете значи дека имате помалку време за партнерот. Затоа Ве потсетуваме да го правите тоа што почесто!
  • Направете преглед – Ако во семејството некој страдал од проблеми со штитната жлезда, прерана менопауза, полицистични јајници, или ако првиот пат сте родиле со царски рез, најдобро да ја проверите својата здравствена состојба пред да тргнете во акција.

 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
3
Што не знаевте за неплодноста?
Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се оса...
3
Ќе имаме бебе! – најслатките објави на поз...
Како познатите ја објавуваат најсреќната вест во животот? Тие знаат да бидат многу креативни и преслатки. Погледнете нек...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?