|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Секоја инфекција во бременоста е опасна!

Редакција Рингераја, 10.1.2020
Гинеколошките инфекции се најопасни во текот на бременоста, затоа понекогаш е неопходна и употреба на антибиотици. Терапијата се користи само ако лекарот потврди дека користа е поголема од потенцијалната штета

image
/11


Некои антибиотици често се препишуваат во почетокот од бременоста, додека други не се користат во првите 10 недели, поради потенцијалните негативни ефекти на фетусот.

Најчестата појава за време на бременоста е прекумерното зголемување на секретот и локалните инфекции, што можат да бидат габични или бактериски. Инфекциите, како што се кандида, ешерихија коли и ентерококи се најбројни, а веднаш по нив се наоѓаат и уреаплазма, клебсиела, протеус и стрептококи. Тие можат да ја искомплицираат бременоста ако не се лекуваат соодветно.

„Сите инфекции кои на прв поглед изгледаат безопасно може да доведат до значителни компликации поради специфичните околности во бременоста. Понекогаш дури и промената на вагиналната флора може да биде причина за бактериска вагиноза, што потоа може да предизвика проблеми. При промена на Ph вредноста на вагината и намалувањето на киселоста, се создаваат услови за прекумерно ширење на микроорганизми, кои во други околности нема да го нарушат здравјето. Во бременоста може да доведе до инфекција, која може дури и да го загрози плодот“, предупредува д-р Јовановиќ.

„Поради близината на вагината, ректумот и уретрата, инфекциите во бременоста често се мешаат и се движат од уринарниот до вагиналниот дел. Ректумот како област во која се насобираат разни бактерии за време на бременоста, често е извор на инфекции на вагината. Затоа, посебно внимание се посветува на спречување со помош на пробиотици, правилен хигиенско-диететски режим и правилен начин за одржување на хигиената“, објаснува д-р Јовановиќ.

Инфекциите во бременоста можат да доведат до компликации и за време на породувањето, но и по него.

Најчестите последици од неизлечените и непознатите инфекции се спонтан абортус, предвремена хемиграфија на полот и предвремено породување. Понекогаш постои можност за ширење на инфекцијата од вагината преку грлото на матката до фетусот, каде што е можно да се заразат и плодовата вода и самиот фетус.

Се препорачува да се направат брисеви пред планираната бременост, и тие да се повторат два до три пати пред породувањето. Со овој вид превенција е потребен соодветен хигиенски режим и режим за исхрана.

„Пиењето незасладени течности, правилната исхрана, примената на антиоксиданти и соодветните додатоци во исхраната можат да направат голема разлика“, вели д-р Јовановиќ. Исто така, препорачливо е да се користат презервативи за време на сексуалниот однос и да се избегнуваат локални терапии на своја рака, како што се вагиналните прогестерони. Зајакнувањето на имунитетот и употребата на пробиотиците можат значително да го намалат ризикот од инфекции во бременоста. Важно е да се знае дека поради специфичноста на бременоста, неопходно е што побрзо да се излечи инфекцијата, а не да се чека породувањето, особено ако станува збор за рецидив.“

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

SPIRULINA PACIFICA – суперхрана за трудниц...
Spirulina Pacifica е извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини на Б комплексот, комплетни протеини, гам...
6
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
4
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не почнува по раѓањето на бебето, докажано е дека зап...
4
Зелена или кафена плодова вода!? Што значи...
Не паничете! Ако вашата плодова вода ја променила бојата, лекарите се тука да преземат секакви дејствија што се потребни...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?