|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Се роди дете! Дајте му многу љубов!

Редакција Рингераја, 4.1.2016
Додека учите како да бидете родител и да го сакате детето, учите да се сакате и почитувате себеси. Давајќи му живот на детето, давајќи му љубов, на некој начин го продолжувате сопствениот живот
Клучни зборови:

image
/11


 

Вашата љубов кон детето, без оглед на тоа со која брзина се буди во вас, извор е и гаранција за детската благосостојба, за негов правилен физички и душевен развој. Токму заради тоа една од најважните родителски задачи е со своето однесување да му влеваат чувство на детето дека е сакано и згрижено.

 

Важно е детето да почувствува и разбере дека го сакате и дека го има вашето внимание, без оглед на тоа какви недоразбирања може да настанат меѓу родителите. Единствено под тој услов може да се развиваат неговите потенцијали и неговиот психички мир.

Многу родители сметаат дека со покажувањето нежност, можат да го разгалат бебето, заради што тие би имале проблеми со авторитетот, или пак дететп ќе стане егоистично.  Но, тие негативни карактерни црти никнуваат всушност заради недостатокот на љубов и недоволен емоционален контакт со родителите.

Детето мора да поичувствува дека е искреноп сакано, а со таква љубов нема да се разгали во негативна смисла.  Затоа, не ги штедете своите емоции, а ако и самите не сте биле секогаш подготвени отворено да ги покажувате сопствените чувства, време е тоа свесно да го промените.

 

Основа на довербата

Љубовта кон новороденчето е потребна за тоа успешно да ги надмине сите препреки и болки, кои можат да се појават во текот на првата година од животот. Тогаш во неговата психа се оформува основата на довербата кон светот. Тоа е моќен темел на двата составни елементи на човечката душа – односот кон себе и односот кон другите. Психолозите сметаат дека довербата се гради ако детето е опкружено со внимание, грижа и љубов.

Ако во детето не постои доверба кон светот, тоа и кон себе ќе се однесува лошо. Ќе порасне во личност која е загрижена, несигурна, агресивна, тврдоглава и нетолерантна. Таа личност кон другите ќе гледа со недоверба, страв и проблемите во комуникацијата ќе ги решава со расправии.

Избегнете ја можноста вашето прекрасно дете да се развие во личност полна со негативни емоции и овозможете му да дише со полни гради. Тоа не значи да го чувате под стаклено звоно, но бидете со него во најубавите и најтешките моменти. Бидете сигурни дека детето заради тоа повеќекратно ќе ве награди и ќе ви го исполни животот со радост.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
4
Дали знаете дека...
Коските некогаш престануваат да растат?
4
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
4
Дали го вакциниравте Вашето дете?
Дали го вакциниравте Вашето дете против мали сипаници?
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?