|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сакате да знаете што сонуваат бебињата?

Редакција Рингераја, 7.4.2021
Сигурно сте се запрашале, гледајќи го бебето како спие, што се мота по тоа слатко главче. Не сте осамени во таквите размислувања , бидејќи тоа прашање според статистиката на Google е најчесто поставувано прашање
Клучни зборови:

image
/11


Направени се многу малку истражувања, што не е ни чудно, бидејќи бебињата не се баш комуникативни субјекти.

Сепак, оние кои се занимаваат со тоа прашање, како Др. Едвард Кулич, педијатар специјализиран за навиките на спиење кај децата и автор на книгата The Best Baby Sleep Book, има некои претпоставки

Со оглед на тоа што го знаеме дека бебињата поминуваат низ РЕМ, фаза на спиењето поврзана со сонувањето, можеме да претпоставиме дека доенчето ги асимилира своите дневни искуства. А што би можело од дневното искуство да заврши во сонот? Хранење, мириси, чувство на топлина, глад или досада...

Уште една инспирација за сонување се  нивните родители. Др. Алан Грин, њујоршки педијатар верува дека соновите на бебињата се исполнети со нивните родители. Понекогаш тие соништа се угодни, а понекогаш наликуваат на ноќни мори. Бебињата можат да бидат нервозни заради болка, глад или осаменост. А се' што е вредно за плачење, вреди да се појави и во соновите.

Некои педијатри сметаат дека ноќните мори се појавуваат околу втората година, но Грин мисли дека периодот во кој плачот ќе го достигне својот врв е период во кој и ноќните мори го достигнуваат својот врв.

Сепак, многу стручњаци ќе Ви кажат дека не може со сигурност да се тврди за што сонуваат бебињата, бидејќи не можат сами да Ви кажат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Рецепти за првиот оброк на бебето. Од каде...
И покрај тоа што е традиција во нашите региони, додатоците во исхраната да започнуваат со овошје, словенечките автори на...
4
Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
4
Што да се прави со бактериите во носот?
За жолто-зелениот секрет од носот е потребна антибиотска терапија. За бистар секрет не е потребна терапија! Тоа е исправ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?