|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Магазинот за култура на венчавки Во Бело ве поканува на 5-от Саем за венчавки од 13 до 15 март

image
Саем на венчаници 2015
/11


 

Петтиот “Wedding Weekend” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 13 до 15 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма со настап на “Пламенка квартет”, модна ревија на венчаници и машки костуми и коктел. Ревијата ќе се одржи во фоајето на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

 

Новитет, а воедно и раритет е што овој пат креациите ќе ги носат познати личности од македонската естрада. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

 

Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно  ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 14-15 март од 09 до 21 часот.

 

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: Mcouture by Mila Kadriu, Атаеље Билиа, модната куќа Елена Лука, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Јасмин, цветни декорации Грација, Гинекалис, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, Ботега инвенти, ресторан Маркиз де лукс, ресторан Амиго, ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, Wedding Planer Ивана, накит и бисери Ристевски и др. На самиот евент ќе бидат претставени и неколку специјализирани возила за младенците (олдтајмери) .

 

Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com. За подетални информации contact@vobelo.com.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Масти и видови на масти
На етикетите на многу производи ќе прочитате дека се со “малку масти” или се “без масти”. Диетите со мала количина на ма...
4
Поддржуваме мали бизниси: Cacao potentia
Cacao potentia го создадов прво за себе и за своето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и здрав...
4
Најнови трендови во детската мода - 2011
Детските и модни трендови за оваа пролет 2011 ќе бидат со природни корални и морски бои , стил и силуета на 70’те , но ...
3
Викторија и Дејвид Бекам се разведуваат?!
Викторија Бекам проговори за гласините дека таа и нејзиниот сопруг, фудбалерот Дејвид Бекам се пред развод
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?