|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Рингераја табела за следење на плодни денови

Редакција Рингераја, 14.5.2021
Сакате да забремените, а не знаете кога е вашата овулација? Сакате природен начин на контрацепција? Следете ги плодните денови со помош на Рингераја табелата!

image
/21


ПРЕВЗЕМEТЕ ДОКУМЕНТ 

Пред вас е Рингераја табелата за следење на овулација и плодни денови!

Таа ќе ви помогне подобро да се запознаете со своето тело и промените низ кое тоа поминува во тек на еден месечен циклус, се со цел подобро да се подготвите за забременување. Целта на оваа наша табела е да стане ваш дневник и да ве следи од циклус во циклус, затоа се потрудивме таа да ги опфати сите важни информации кои ќе ви помогнат да имате комплетен увид во вашиот циклус. Доколку ги следите сите овие промени во вашиот организам, можете да ги зголемите шансите за забременување! 

 

МЕРЕЊЕ НА БАЗАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА  

Првиот дел од табелата служи за следење на базалната температура, која е еден од најсигурните методи за следење на овулацијата. Базалната температура се мери наутро, секогаш во исто време, веднаш после будењето, пред да станете од кревет, пред да ги измиете забите, пред било што друго да направите. Важно е да се мери секој ден и секоја вредност да се запишува во табелата. Првиот ден на мерењето треба да биде првиот ден на менструацијата. Ви препорачуваме да внесете точка во полето кое одговара на вредноста на вашата температура, која потоа ќе ја поврзете со точките на останатите денови и така ќе добиете графикон на вашата базална температура. Толкувањето на графиконот не е комплицирано и после неколку циклуси со помош на оваа метода ќе можете целосно да ги следите плодните денови. Битно е да знаете дека кај повеќето жени, на почетокот на циклусот базалната температура е ниска, со тенденција да расте пред овулација и да остане покачена до пред почетокот на следниот циклус. Доколку дошло до зачнување, базалната температура останува покачена, а ако се врати во нормала значи дека не се случил зачеток и дека настапува следниот циклус. Кај секоја жена температурата расте со различно темпо, но треба да знаете дека порастот на температурата не е голем, само некаде измеѓу 0,3°C и 1 °C.

 

СЛЕДЕЊЕ НА МЕСЕЧНИОТ ЦИКЛУС 

Во другиот дел од табелата можете да ги следите останатите промени во вашиот организам во тек на месечниот циклус, а можете да ги запишувате и резултатите од тестовите. На десната страна од табелата ќе видите легенда со кратенки кои можете да ги користите за запишување на податоци, како и нивни објаснувања.

Плодни денови по календарот на РР

Погледнете кога ви се плодните денови во календарот за овулација на РР и означете ги во табелата

Менструација

Во овој ред означете ги деновите кога сте имале менструација.

Вагинален секрет

Вагиналниот секрет е уште еден од важните показатели на плодните денови и доколку секојдневно ја следите неговата структура, после неколку циклуси ќе можете точно да го предвидите настапувањето на овулацијата. Како и кај базалната температура, вагиналниот секрет треба да се проверува и да се запишува во табелата секој ден. На почетокот на циклусот е сув, матен, густ, леплив и го има во мали количини, но како се наближува овулацијата станува влажен, бел и помалку леплив. Пред овулацијата количината на вагиналниот секрет значително се зголемува, станува бистар, мазен и многу растеглив (често се споредува со изгледот на свежа белка од јајце) и после овулацијата повторно станува густ и сув, како на почетокот на циклусот.

Положба на грлото на матката

На почетокот на циклусот грлото на матката се наоѓа ниско во вагината што значи дека е близу и дека лесно може да се допре со прст. Колку овулацијата се наближува, толку грлото на матката полека се повлекува подлабоко во вагината. Во текот на овулацијата грлото на матката се наоѓа длабоко во вагината и до него тешко допира прстот, а ден до два после овулацијата се враќа во истата положба како на почетокот на циклусот.

Грлото на матката на допир

Оваа промена е тесно поврзана со положбата на грлото на матката и со вагиналниот секрет. Веднаш по завршувањето на менструацијата грлото на матката е цврсто и суво на допир, како овулацијата се приближува, така станува меко и влажно на допир. Во текот на овулацијата грлото на матката е потполно меко и многу влажно, а ден до два после овулацијата се враќа во иста положба како на почетокот на циклусот.

Состојбата на грлото на матката исто така помага во одредувањето на плодните денови. За да ја проверите состојбата на грлото на матката користете еден или два прсти. Доволно е само со врвот на прстот нежно да го допрете грлото. Важно е рацете да ви се чисти и суви и да немате долги нокти. Грлото на матката треба да го проверувате секој ден во исто време и при иста положба на телото.

Тест за утврдување на овулација

Во овој ред можете да ги означите плодните денови, кои сте ги утврдиле врз основа на тест за овулација, ако го користите.

Тест за бременост

Во овој ред можете да ги запишете резултатите од тестот за бременост, ако сте го правеле.

Сексуален однос

Во овој ред запишете ги деновите кога сте имале незаштитени сексуални односи.

Други симптоми или коментари за вашата состојба

Во овој дел на табелата оставивме простор за да ги запишете вашите коментари, размислувања, или некои состојби кои можат да бидат важни за анализа на промените во вашиот организам во текот на циклусот, како што се настинки, болки, симптоми на овулација, недостаток на сон...

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Ако сакате подобро да го разберете месечниот циклус, овулацијата и методите на следење на овулација, ви препорачуваме да ги прочитате нашите статии и да го погледнете календарот на овулација:

 

ПРЕВЗЕМEТЕ ДОКУМЕНТ 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да забремените побрзо?
Кога се обидувате да забремените животот може да Ви биде забавен – секогаш имате изговор за да добиете љубов од партнеро...
3
Лажни митови за плодноста
Одредени секс-пози ги зголемуваат шансите за забременување, првото дете е гаранција за плодноста и скапите витамини ја з...
3
Дали лежењето после секс помага во забреме...
Дали сте слушнале дека лежењето по сексуалниот однос и ин витро оплодување, може да ви помогне да забремените? Најновото...
3
6 стручни совети за да зачнете машко дете
Се прашувате како да зачнете момче? Ако е така, сигурни сме дека сте заинтересирани да ги знаете различните методи за да...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?