|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Крикот и плачот ја претставуваат првата вокализација на новороденото. Крикот со време се претвара во плач од кој постепено ќе се формираат гласовите

image
/11


 

 

 

Развојот на гласовите е условен од биолошко-психолошкото созревање на детето и тоа првенствено од созревањето на неговиот ЦНС. Крикот и плачот ја претставуваат првата вокализација на новороденото. Крикот со време се претвара во плач од кој постепено ќе се формираат гласовите. Кога преку плачот и хранењето ќе се создаде лакот на повратната врска меѓу бебето и мајката, тоа е знак дека се развива и аудиовизуелниот систем. На тоа ниво бебето започнува да „комуницира” (гугање) поврзувајќи ги аудитивните стимулации од својата околина со сопствените, сè уште недефинирани артикулаторни обиди за обликување на гласовите. Првите гласови кои во овој период се јавуваат претставуваат неодредените вокали и гласовите врзани за движењата на усните и коренот на јазикот. На пример: /м,м,м/ или /г, г, г/ .

На 3-4 месеци се јавува гугањето
На 4-6 месеци се јавува брбoливост.
На 6-10 месеци се јавува галењето.

Од четири до шест месеци настанува периодот на брболивост (babbling). Во тој период говорните активности на детето се зголемени. Се јавува широка скала на различни гласови кои сè уште не претставуваат фонеми на мајчиниот јазик. До оваа фаза од говорот и глувите деца се развиваат говорно еднакво. Но коај нив почнува да несдостасува она што што следува во развојот на говорот, односно повторување на едносложните или повеќесложните гласовни групи.

Во овој период детето почнува да го сфаќа значењето на пораката врз основа на нејзиниот тон и интензитет, а не врз основа на гласовната структура.

Детето на возраст 6-10 месеци поминува низ фазата на галење. Во почетокот тоа е моносилабично (едносложно), а пред крајот на овој период постанува бисилабично (двосложно). Со непрестанатото повторување на едносложните или повеќесложните гласовни групи се увежбуваат и се автоматизираат движењата на говорните органи, се прочистуваат некои аудитивни претстави за гласовите, а нивниот изговор постепено се приближува до изговорот на оние лица кои се најмногу во контакт со бебето. Ова се веќе почетоците на развојот на рецептивниот говор (говорот кој го разбира). Треба да се нагласи дека ваквото повторување на слоговите (на пример, ба-ба), не претставува збор.

Во периодот 10-12 месеци децата обично проодуваат. Активноста на моторниот план развиена со одењето, претставува добра моторна подлога и за физиолошката основа на говорот.

Проговорувањето на децата настанува околу 12-от месец. Машките деца проговоруваат нешто подоцна, до 15-от месец од животот. Обично во првите зборови спаѓаат зборовите како: мама, баба, дај и сл. Тоа се оние зборови кои во присуство на детето биле повторувани безброј пати и чие значење детето го поврзало со именувањето на одреденото лице, предмет или ситуација.
Со активната употреба на првиот збор се одбележува почетокот на говорот. Од тој период па натаму детето ги елиминира сите гласови кои се непотребни и својата артикулаторна игра сè повеќе ја обликува според фонемите на мајчиниот јазик. Развојот на гласовите тече низ периодизација. На секој возрасен период, односно година, се завршува созревањето на одделните гласови. Кај некои деца границата се поместува за година-две порано или подоцна. Целокупниот развој на гласовите трае во просек до шестата/седмата година од животот.

Нема дилема дека гласовите кои не се нормализирале до седмата година, почнуваат да се стабилизираат и автоматизираат како неправилни и потоа како такви претставуваат проблем за поединецот, проблем за училиштето, за семејството. Развојниот процес на поставување на гласовите е завршен уште пред втората година од животот за: п, б, м, н, ј, а ако не се земат предвид полесните девијантни случаи, тоа истото важи и за: т, д, к, г, в. Развојниот процес е во тек за: ф, л, ц, с, з, ч, ѓ. Во средината и кон крајот на третата година штотуку започнува развојниот процес за гласовите: р, њ, ш, ж, ч, џ (со исклучок кај некои деца).

Значи развојниот пат на гласовите е следниот:

I фаза: делумно обединување на артикулаторните елементи во одредени гласови (рационализација),
II фаза: потполно испуштање на некој или некои гласови од структурата на зборот (омисија),
III фаза: користење на сличните фонеми за изразување (супституција),
IV фаза: приближување на изговорот кон нормалниот изговор со поедини девијации во изговорот (дисторзија),
V фаза: нормален говор.

 

 

Центар за ментално здравје и аутизам ПЗУ Калинка

Прв пат во МК: Ѕвезда на бебе календар за ...
Драги родители, не ги пропуштајте моментите на среќа и чиста радост со вашите малечки, зачувајте ги тие спомени како неш...
21
Да, навикнувај го бебето во раце!
Не го навикнувај бебето во раце и се ќе биде супер! Како рацете да се причина за сите проблеми. Е па не се согласувам и ...
10
Ако имате проблем при гласање и пријава
Ве молиме детално следете ги упатствата
6
Совладајте ја нескротливата Ешерихија коли
Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација поч...
5


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

najubavo zensko ime od slednive
BARBARITA

najubavo ime

meri (13%)

irene (24%)

ana (39%)

ivona (11%)

sara (12%)

gloria (0%)


Број на сите гласови: 122

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!