|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со Слаѓан Славенски автор на Плачот на срната

Марина Кљајиќ Петковски, 15.7.2021
Неговото име е Слаѓан Бишковски. Тој е 20 годишен студент на Земјоделскиот факултет, насока -Квалитет и безбедност на храна. Твори под псевдонимот Слаѓан Славенски. Неговото прво објавено книжевно делое романот „Плачот на срната",

image
/11


На Reader's Book Choice Awards минатата година, беше номиниран
во две категории - Најдобар домашен автор, и Најдобра книга за млади, каде што „Плачот на срната" се најде на третото место, односно во Топ 3. 
 
Рингераја: Од кога датира твојата љубов кон пишувањето? Како сфати дека сакаш да бидеш писател? 
Слаѓан : Јас сум голем љубител на пишаниот збор и бев маѓепсан од тоа колку, всушност, само една реченица може да предизвика најразлични емоции кај читателот.
Страста кон пишувањето доби поголем интензитет во текот на моите средношколски денови, кога читав најразлична литература, па така додека еден ден слушав музика
во мојот двор, во главата инстантно ми светна една мисла, а тоа беше - Зошто не се обидам да напишам нешто? Оттука, започна моето патешествие кон писателските води и сум
многу среќен што решив да го послушам мојот внатрешен порив во врска со обликувањето на ликовите и случките од мојата фантазија, кои сакав да ги преточам во зборови, а со тоа и
тие да се претворат во нешто реално и опипливо што целосно ќе ги освои срцата на книгољупците.
Рингераја: Кога започна со пишување и како сфати дека тука 'лежи' книга? 
Слаѓан: Со пишувањето на романот започнав на 17 години, и тој процес на 'градење' беше нешто што потполно ме зароби и ме исполни со душевен спокој. Имав многу идеи и теми коишто сакав да ги елаборирам во книгата, и бев фокусиран токму на тоа, за на крајот да добијам еден задоволувачки резултат.
Рингераја: Колку време беше потребно за да ја, напишеш книгата? 
Слаѓан: За „Плачот на срната" во целост да наликува на вистински роман ми беше потребна повеќе од една година, и мислам дека секогаш може тој временски период да се одолговлекува, но за мене
сметам дека тоа беше сосема доволно зашто приказната дојде пред својот крај - успеав да ја завршам онака како што си имав замислено, дури и порано од очекуваното. 
Рингераја: Од каде инспирацијата за „Плачот на срната "? 
Слаѓан: Главна инспирација за настанувањето на романот, пред се', ми беа премногу причитаните книги, но и филмовите, видео игрите и секако, музиката. Сето тоа ми помогна подобро да ја согледам
приказната што сакав да ја раскажам. Целиот тој микс ги извади на површина мислите и идеите што тлееја во мене. Уметностите ми се најголем двигател, затоа што животот би бил празен без
шаренилото што го нудат боите, без звуците што ги произведува музиката. 
Рингераја: Книгата е многу популарна меѓу читателите и доста се зборува за неа. Колку си задоволен од фидбекот кој го добиваш? 
Слаѓан: Многу сум задоволен, и по малку изненаден од искрените критики и секојдневните споделени импресии од романот. Срцето секогаш ми се исполнува со радост кога ќе прочитам дека моите ликови допреле
до читателската публика, и успеале да ја пренесат пораката што ја носат во себе. За еден автор во подем, нема ништо поисполнувачки од тоа да доживее неговото книжевно дело да биде читано и дискутирано.
Рингераја: Кој е твој омилен жанр и автор? 
Слаѓан: Искрено, читам и сакам да читам различни жанрови - но доколку би морал да одберам само еден, тоа би бил психолошки трилер. Секако, обожавам и кога некоја книга ќе ме врати назад низ годините, во минатото.
Секогаш уживам во добра романтична драма, а добредојдени се и книгите од жанрот хорор, како и научна фантастика. Се' додека романот ме држи во неизвеснот, ми всадува нови информации и ме исполнува со различни чувства, на крајот жанрот и не е толку важен. Како омилен и поразличен автор би го издвоил неповторливиот Харуки Мураками, кој потполно ме освои со Норвешка шума. Други писатели од кои црпам инспирација се и: Тес Геритсен, Колин Хувер, Гијом Мисо, Елиф Шафак, Карлос Руиз Зафон, Ден Браун, Донато Каризи, Себастијан Фицек, Достоевски и многу други! 
Рингераја: Што, според тебе, ја прави добра една приказна? 
Слаѓан: За една приказна да остави добар впечаток, сметам дека најпрво би ги споменал ликовите кои се главни носители на дејството. Нивните мисли, ставови, занеси... Следно, препреките низ кои поминуваат, спротивставувањата со кои се соочуваат. Би било совршено кога една книга би била зачинета со сликовити описи, метафори и живописни, возбудливи случки што треба да предизвикаат силна емоција и да остават белег врз душата на читателот. И на крајот, приказната во себе треба да содржи некаква порака што ќе има за цел да замисли и која ќе остане да тлее долго време по затворањето на последната страница. 
Рингераја: И самиот си активен член во читателските групи, па каков впечаток имаш, колку се читаат и ценат македонските автори? Имаш ли некој омилен меѓу нив? 
Слаѓан: Моето мислење во врска со тоа колку, и дали доволно се читаат македонски автори, се зацврсти повеќе во периодот кога Плачот на срната за брзо време по објавувањето, доживеа и второ издание. Така што, сметам дека имаме многу надежни, а веќе и доста зрели изградени писатели што заслужуваат огромно внимание, исто како и странските. Среќен сум што се јавуваат се' поголем број на таленти и искрено, едвај чекам да прочитам што повеќе дела и од македонски автори. Особено ми се допаднаа „Сопругата на детективот" од Мирјана Проданова, „Ќерката на дрвосечачот од Наде Стојилковиќ" , „Бездомникот со златен часовник" од Вера Калин, „Куќата со жолта фасада" од Билјана Мартиновска - сите се прекрасни и остануваат во сеќавање, ви ги препорачувам од срце. 
Рингераја: Доколку некој кој има желба да пишува и издаде книга ти се обрати за сугестии, што би го посоветувал?
Слаѓан: Доколку некој би ми се обратил за некаков совет или би изразил желба за пишување, јас сум секогаш тука да го охрабрам и да му посочам дека треба да си го следи внатрешниот глас. Доколку се' уште се двоуми во врска со идејата и тоа како понатаму ќе се одвива приказната, тоа не би требало да претставува проблем, зашто ликовите и дејстовото сами ќе ве одведат кон посакуваната цел. Доволно е само да се биде упорен и да му дозволиме на чувството одвнатре да не' води низ процесот на пишување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Одри Хепберн: Во што е убавината на жената?
Кога славната глумица, добротворка и модна икона Одри Хепберн беше замолена да ги сподели своите совети за убавина, го р...
3
Кој е најсексипилниот маж за 2014 година?
Магазинот People секоја година прогласува најсексипилен маж меѓу живите. Оваа година тоа е...
3
Топ 10 најголеми навреди од свекрвите!
Не си љубител на фудбал?! Па да, тој спорт го сакаат паметни луѓе. Дали си вежбала балет? Се гледа, балерините внимаваат...
3
Џенифер Лопез во МАГИЧЕН фустан на сцената!
Џенифер Лопез се појави на сцената на American Idol во најнеобичниот фустан кој досега сте го виделе и ја изведе Feel th...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali za prv pat stanavte majka i toa na bliznaci?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!