|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разговор со креаторот на Кутија со приказни на Антолог

Марина Кљајиќ Петковски, 25.5.2021
Разговараме со Јована Матевска Атанасова, креатор на рубриката „Кутија со приказни " на Антолог

image
/11


Која е мама Јована?

Мама Јована е скромна жена која с? уште себеси се гледа како девојка. Мајка сум на едно дете, но чувам уште едно во душата на кое не му дозволувам да пораснe. Иако во принцип сум спонтана, изобилството од идеи ја одредува мојата гравитација, па дури и кога телото мирува умот ми е во движење. По вокација сум дипломиран психолог, но откако знам за себе сум раскажувач и ете, да се изразам поелоквентно, писател. Уредувам содржини од областа на културата за порталот Елементал, се насочувам кон истражувачката литература во моите раскази, пишувам психолошки роман разработувајќи ја темата на развод, перипетиите на самохраните мајки и последиците по детската наивност, подготвувам и уште еден проект од областа на психологијата. Моментално се публикува мојата збирка со раскази „Гладоморје“, насловена по расказот кој минатата година ја доби наградата „Живко Чинго“.  Најсветлата точка за мене се моето семејство и мојата дарба.  Но кога зборуваме за балансиран живот, секако дека и здраворазумноста треба да ужива високи стандарди. Практично од неа потекнува секоја емоција.

 

По професија сте психолог, па кое е вашето професионално сознание - колку и зошто е значајно да им читаме на децата од најрана возраст? 

Меѓу народот разговорно се вели: „ Се истерало на родителите, затоа ги сака книгите.“ Да, веројатно постои тенка линија на вистина во ваквото верување. Но генетиката влијае врз љубовта кон книгата во својство на стекната особеност, таа не е вродена. Се претпоставува дека читањето обезбедува есенцијална блискост, нераскинлива врска помеѓу родителот и детето, активира зони и хормони, кои ,претходно, неврологијата ги забележала излачени во интимната атмосфера на доењето. Замислете колку отпорен синџир на поврзување се создава благодарение на една убава и здрава навика, каква што е читањето.

Со читањето кај детето постепено се развива бујната имагинацијата, се зголемува асоцијативното, апстрактното и дивергентното мислење, капацитетот на меморијата, придонесува за добра перцептуална организација, концентрација, со еден збор резултира во солиден претшколски курикулум дури и кај деца кои се воспитувале во домашни услови. Oд психолошка гледна точка читањето е пресудно за детето да го осознае светот индиректно преку мислата, како што го перцепира и директно преку сетилата.

 

1

 

Наспроти претходното прашање, која е штетноста на изложеноста на детето на екрани? 

Прекувременото користење на мултимедијалните уреди го учи детето да функционира во социјално отуѓена средина, впрочем при ваквата еднонасочна комуникација детето ги задоволува основните комуникациски потреби, што доведува до  транзитен емотивен мутизам кој во некои екстремни случаи психолозите и дефектолозите не го разликуваат од аутизам. Понатаму, детето наидува на необични идеи благодарение на програмите кои не се стручно склопени да дадат позитивен развоен исход , па прерано се соочува со содржини кои го оптоваруваат неговото сознание и подоцна испливуваат карактерно како лоши навики и манири. Детето е програмирано со когнитивна еластичност, да ја учи својата  припадност во општеството под  дејство на условување, по пат на обиди и грешки и дури на крај преку увидување.

 

Како да се поттикне љубовта кон книгите кај децата? Ваши совети, испробани методи? 

Најголемата детска доблест е љубопитноста. Ако родителот е постојано со мобилниот уред во рака, кај детето, кое во развојниот стадиум е склоно да пресликува, се појавува желба да дознае што буди толкав интерес кај родителот. Моделот на идентификација е очигледно погрешен. Но кога детето ќе забележи дружба со книги и ќе се најде опкружено од креативни активности, кога ќе му се даде задача во која ќе ја испитува сопствената автономија, наоѓа начин да ја имплементира играта во корисност. Затоа:

-Колку почесто децата се среќаваат со книгата, толку е поверојатно таа за нив да стане приоритет, а не опција.

-Дозволете му на детето самостојно да ја интерпретира сликовницата.

-Охрабрувајте го!

-Секогаш кога постои можност подметнете му книга пред таблет( не велам дека детето треба грубо да се изолира од визуелните пренесувачи, кои денес важат за технолошки анксиолитици, зашто с? што предизвикува ненадеен стрес му штети на детето, но добро е да се знае границата и за едното и за другото).

-Покажете му ги димензиите на книгата така што ќе ги пренасочите во игра.

-Нека се огледаат на вашата тенденција да воспоставувате здрави навики без бариери.

 

2 

Кутија со приказни" е нова рубрика на Антолог, наменета за најмладите а поттикната од вас.  Како се роди  таа идеја? 

Иницијативата се роди сосем спонтано и природно. Од Антолог книжевен центар ми беше понудено за првпат да рецензирам детско издание. Јас тоа го направив на свој препознатлив начин, внесувајќи параметри од секојдневната рутина на читање сликовници со мојата ќеркичка. Во разговор со Кристина Дукоска, која првенствено ми го даде предлогот, добив повратен одговор дека секцијата со едукативно исползување на сликовниците толку им се допаднал во редакцијата, што би било одлично да направиме една рубрика. Јас не ни помислив два пати. Ова беше шанса да ги спојам психологот и писателот во мене, но и покрај мојата невработеност , од  дома, професионално да помогнам на родителите да ја обликуваат најдобрата верзија од своите деца. Зашто и ситниот чекор е направен со согласност на волјата.  Колку да изгледа безначаен сепак претставува поместување од една точка во друга, нели?

 

Нешто повеќе за самиот концепт. 

Од иницијативата се разви и целта, а начелно беше да се обработат детските изданија до една едукативна платформа, така што ќе понудат збогатување на речникот на најмладите и ќе го расчистат хоризонтот на фантазијата, со надеж дека ќе успееме да наметнеме еден тренд кога сликовниците нема да бидат користени еднострано, единствено во функција на приспивни средства. Покрај детето како активен слушател активно ќе земе учество и родителот, преку своите прашања и начнување на игровни индикатори . Се надевам дека оваа ризница на знаења која што наменски ќе ја поттикне „Кутија на приказни“ ќе отвори многу теми за аспектите во воспитниот и образовен процес кои навремено треба да бидат санирани.

 

Колкав е интересот кај родителите за оваа рубрика? Дали сте задоволни? 

Рубриката е релативно млада и очекуваме интересот да се зголемува. Во план за обработка се голем број ексклузивни изданија, кои професионалниот тим на Антолог претпазливо ги избира, такви во кои не се користи непотребна лексика, тие се безбедни по детската когниција и непречено може да се користат при работа со сензитивни групи, почнувајќи од логопедски цели, па до категории со аутистичен спектар. Јазикот и градивото се обидувам да го прилагодам на ниво на старосната група, во секоја обработка ќе допираме до актуелна тема. Така на пример, преку следната сликовница ќе зборуваме за булингот и значењето на емоционалната интелигенција кај најмладите. И повторно двојазично, за да н? разберат и родителите и децата.

„Сонот на Ѕуница“, „Ајде да патуваме“, „Ми се скрши срцето“, „Островце“, „ Тино од мојот влез“, серијалот за Уципуци, изданијата на Александар Кујунџиски се дел од предвидените книги за репертоарот. Покрај тоа, осмисливме предизвици за младите читатели направени според сликовницата која сме ја обработиле. Со своето учество не само што ја поттикнуваат и вежбаат креативноста, туку и стануваат потенцијални добитници на луксузните изданија на сликовниците на Антолог.

Затоа родители, мотивирајте ги вашите деца. Охрабрувајте и поттикнувајте компетитивност, ведар натпреварувачки дух. Нема подобар подарок од гордост за самозаслугата.

 

3

 

Мајка сте на тригодишната Ива, која е заштитно лице на оваа рубрика. Кои се нејзини омилени книги, приказни, сликовници, активности? 

Омилена сликовница ? е „Уципуци“. За истата дури и смисливме музичка најава, бидејќи многу лесно се стигнува до вниманието на Ива со помош на музиката и ритамот. Ива има приближно двесте сликовници од различен формат и содржина, што веќе ја прави сопственик на мини библиотека. Иако е мала, свесна е колку овој факт ја прави богата. 

Но и за Ива како и за секое дете важи правилото „секое чудо за три дена“, се случува брзо да го изгуби интересот на кој само пред час се посветила максимално. Таа е неверојатно талентирана. Пројавува интерес за цртање, научи да си го пишува името( спремна е за автограми хехе), а има афинитети и кон играњето.  Дружељубива е и емотивна. Ама и покрај сите особености, има една што веројатно влечи длабоки корени од колективното минато на балканските народи –? претставува особено задоволство да меси. :) Љубопитна е за природата и понекогаш се случува половина час да го следиме движењето на колонијата мравки или пламените бубачки, да дува глуварчиња и да го набљудува падот на свилените цветови. Тогаш сфаќам дека навистина убавината на животот е во малите нешта.

Уште откако се роди е изложена на креативноста која е продукт помеѓу професијата на татко ?-фотограф и мојот хаотичен космос од идеи и мисли. Од првата и втората година имаме тематски фото-албуми , фотографирани секој месец од нејзиниот развој, проследени со уникатни приказни.

 Децата се неиспишани приказни, родителите ја имаат моќта oд нив да направат „бестселери“. Не штедете ја енергијата која попусто би ја потрошиле на друго место. Вложувајте во надградувањето на вашето дете, бидете негово огледало. Се чини, најдоброто што може да го направиме е да се препуштиме на спонтаноста на мигот. Највисоките градби започнале со поставување на цврсти темели.  Никогаш не е рано да се започне со процесот на едукација, може да биде само доцна. Затоа читајте, прегрнувајте се додека читате, слушајте ги вашите срцебиења и струењата на гласот, тивките мисли, прашањата кои ќе започнат да извираат при процесот. Скицирајте ги световите на самоспознание и еден ден благодарноста на вашето дете ќе биде најголемата награда која сте ја добиле.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
12
Идеи за фризури за долга коса
Немате идеја што да правите со Вашата долга коса? Чест проблем на многу жени!
4
Насмевката - ефикасен лек за душата и телото
Смеењето од срце ги изразува среќата и радоста, ги отстранува тагата, лошите емоции, чувството на замор, загриженоста, б...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?